По “Брекзит расте омразата на Островот “!Натписи со: “Полски ѓубриња, одете си дома”

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Полјаците се во шок, збунети и исплашени 

 1466923846-sedew

Полицијата во Велика Британија истражува чии се натписите “Одете си од ЕУ – Крај на полските штетници”  кои завршиле по вратите на голем број луѓе, како очигледна манифестација на расизам, произлегува од резултатите на референдумот за членството на земјата во ЕУ, пишува “Дејли Меил”.

Ламинирани натписи биле залепени по вратите на Полјаци во Хантингтон во грофовијата Кејмбриджшир.Слични натписи исто така биле пронајдени во близина на училиштето “Свети Петар” околу 08:30 часот наутро во петокот. На задната страна на листовите дури имало превод на полски: “Одете си дома, полски ѓубриња”.Наставниците  ги фрлиле натписите, но подоцна во текот на денот биле откриени уште натписи, кои биле оставени на патот што води кон кампусот.

Полскиот весник на Островот Nasze Strony напиша дека Полјаците се плашат од ефектот од “Брекзит”, но воопшто не се и сомневале дека ќе дојде до тоа. Репортерот на изданието Адам Андрејко (Adam Andrzejko) рече дека тоа е “многу лош пример” за реакција на резултатите од референдумот. Корисничка на Фејсбук напиша вчера наутро дека еден од натписите бил сложен на прагот на влезната врата на мајка и,и  бил свиткан со камења, за да не биде издувана од ветрот. “Тотално  ми се гади .Независно од ставовите за референдумот на секој човек, тоа е одвратно нешто “, напиша таа. Инспектор Ник Прсивал изјави дека полицијата е” запознаена “со инцидентот и истражува. Тој ги повика сите кои имаат информации за случајот, да ја соопштат на органите на редот.

Слични содржини