Во почетокот на месецот беше објавена петтата верзија на Bluetooth технологијата која се развива напред од 90-тите наваму. Откако верзија 3 и 4 воведоа голем број огромни подобрувања, особено кај потрошувачката на енергија, верзијата пет ветува да ги надмине по сите параметри, од кои дел веќе се објавени.

Досега се знае дека технологијата ќе понуди многу поголема брзина на пренос на податоците, пресметана неофицијално околу 2Mbps вкупно. Веројатно потрошувачките уреди нема да достигнат таква брзина, но ќе се доближат до неа доволно многу. Друго подобрување на технологијата ќе се бори со еден од најголемите проблеми – растојанието на кое може ефикасно да се пренесуваат податоци.
По воведувањето на верзија пет, растојанието ќе биде барем четири пати поголемо. Теоретски, сигналот може да ја задржи својата сила до 300 метри од предавателот, што значи дека ќе можете да заборавите за традиционалните “10 метри”. Реалното растојание на кое ќе може да функционира Вашиот уред ќе зависи од хардверот. Едно од технички највозбудливите подобрувања ќе биде проширувањето на обемот на податоци, пренесуван со т.н.. “рекламен пакет”.
Тоа е парче информација што е јавна за сите активни Bluetooth приемници – истото парче информација што ви овозможува да го гледате името на Вашиот уред кога не сте поврзани. Други подобрувања ќе вклучуваат додавање на функционалност за одредување на локацијата во однос на други уреди, како и голем број на иновации насочени кон Internet of Things сферата. За да ги искористат предностите од подобрувањата, сепак, ќе ви е потребно целосно нов уред, бидејќи електронските компоненти на чиповите користени минати верзии на Bluetooth не се компатибилни со новата верзија.