(ГАЛЕРИЈА) Еден ден во Малме

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Повеќето луѓе кои се одлучиле да ги одвлечкаат куферите за Шведска, решаваат да го посетат главниот град на оваа Скандинавија – Стокхолм.3be44ce69527740687e3aa778b28c9e3

Малку се туристите кои се заинтригирани од Малме, иако овој град е навистина прекрасен.

Родниот град на топ фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (тој е од босанско-хрватско потекло, но е роден во Шведска) е вистинска метропола. Малме е средновековен град и културен центар на земјата.

Тој е трет по големина град во Шведска и се наоѓа на 35 минути со воз од Копенхаген, Данска.

Ако имате еден слободен ден или викенд кој сте одлучиле да го поминете во Малме, еве неколку совети за патување:

Изутрина испијте кафето во живописниот кварт Davidshall. Областа е полна со модерни кафулиња и пабови кои нудат појадок. Освен тоа во соседството има доста интересни бутици.

Потоа продолжете го денот кон Kungsparken кој е на 10 минути пешачење од Davidshall. Овој грандиозен парк, гледа право како насликана слика – има убави градини, долги патеки, водни површини и нуди еден куп можности за рекреација и забава.

Ручеците можете да ги поминете во Slottstradgarden, оваа елегантна градина се наоѓа на крајот на паркот и е полна со совршено одржувани патеки, историска ветерница и неколку установи со маси на отворено.

Атмосферата тука е многу пастирска и тоа е место на кое можете да уживате во пријатен ручек, додека во ресторанот ви сервира зеленчук, собран директно од градината.

Попладнето можете да го потрошите во Арт музејот на Малме, кој се наоѓа во импозантна средновековна тврдина од 15 век, која била и затвор до средината на 19 век.

Во моментов тоа е еден од водечките уметнички музеи во Скандинавија.

По музејот може да се прошетате до облакодер Turning Torso. Ова е највисоката зграда во Скандинавија и архитектурата ѝ наликува по формата на превртено човечко тело. Таа е дело на архитектот / скулптор Сантијаго Калатрава.

Пред вечера одете до Lilla Torg (во превод мал пазар). Овој фрекфентен пазар е полн со шармантна архитектура, традиционални шведски продавници и многу места каде што можете да уживате на некој пијалок- алкохолен или безалкохолни коктел.

Вечерата може да биде неверојатна во ресторан Vastergatan. Тука ќе го завршите денот со избор од примамливите, традиционални шведски јадења.

Видете ги сликите на Малме и опишаните места во галеријата.