Ништо не заврши со Brexit, Шпанија може да ја внесе ЕУ во нова криза

од desk3
75 прегледи

 

Не ни заврши Брексит, сега се поставува нова каша за ЕУ: Шпанија останува во ќор-сокак и по последните изботи. Формирање на влада во Мадрид ќе биде тешко, а кризата во ЕУ може да се влоши уште повеќе, анализира DW.

0,,19357669_303,00
Од бриселскa гледна точка, подемот на шпанските популисти не ветуваат ништо добро. Тие одбиваат да ги остварат финансиските и политички препораки на ЕК, а тоа содржи вистински експлозивен полнеж за контролата врз целата еврозона. Лидерот на партијата “Подемос” Пабло Иглесиас сака да повторува дека Шпанија страдала од злобниот диктат за штедење на ЕУ. Но тоа не е точно. Шпанија не беше спасена од банкрот преку директни европски фондови како Грција или Португалија. Таа зеде кредити за спасување од банки. Тројката (ЕК, ММФ и ЕЦБ) никогаш не била во Шпанија и затоа не диктирала ништо.

Вистината за шпанското штедење

Шпанската фискална политика се води од шпанската влада во рамките на Европскиот монетарен простор. Ако некој протурка мерки за штедење во државните трошоци и реформи, тогаш тоа беше конзервативната влада под водство на дискредитираниот Маријано Рахој. А “Подемос” си измисли еден непријател во лицето на ЕУ, но тоа нема никаква врска со реалноста. Вистината гласи: Шпанија не штеди, туку со лесна рака прави повеќе долгови отколку што дозволува стабилизацискиот пакт на еврозоната. ЕК и останатите земји-членки само ги затворија и очите и дадоа ексклузивни права на Шпанија. И тоа во никој случај не беше диктат за штедење.

Дали се исплатеше независноста?

Во моментов Шпанија не е само парализирана политички. Таа е и нестабилна. Сепаратистите во Каталонија дополнителна ја комплицираат ситуацијата и ја тераат Шпанија да личи на закана, како Шкотска во Британија. Ако сега левицата во Шпанија ги зголеми државните трошоци и даноците, ќе ги стави европските партнери во тесно, бидејќи земјата нема да може да ги исполнува критериумите за буџетскиот дефицит со години. Критикувана од “Подемос” политика на штедење барем доведе до мал раст на економијата и бавно намалување на невработеноста. Можеби премногу бавно, но тоа е друго прашање.

Факт е дека несигурната политичка ситуација во земјата веќе доведе до слабеење на економската динамика. И пресвртите на левичарските популисти може да доведат до запирање на инвестициите, а во најлош случај – до рецесија, како што се случи во Грција.

Што се случува во јужните европски земји?

ЕУ гледа опасност и за Португалија, каде левата влада крати со ограничувањето на долговите и исто така ги нарушува критериумите за буџетскиот дефицит. Грција, пак, е безнадежен случај. Тамошната коалиција од леви и десни ја носи одговорноста за намалувањето на БДП. Земјата може да заживее само со финансиски инјекции од другите земји-членки, бидејќи политички ЕУ не може да си дозволи Грексит во контекст на бегалската криза. Левите популисти од движењето на ПепеГрило во Италија исто така се во подем. Премиерот социјалдемократ Матео Рензо сеуште се држи. Тој е погонското гориво на реформите, но исто така сака да ги зголеми државните трошоци.

Да, јужните земји-членки се во криза. Левите популисти бележат успеси, но барем не инсистираат за излез од ЕУ, како што направија хаотичните приврзаници на Брексит. “Подемос” сака Шпанија да остане во ЕУ, но инсистира на прекин на претпоставената германска хегемонија во заедницата. Неодамна, лидерот на “Подемос” ги “посолуваше” говорите со пароли за “новата татковина” и се приближуваше до националистичкиот дијалогот на Најџел Фарадж во Велика Британија. Движењето на Пепе грил “Пет ѕвезди” сака Италија да остане во ЕУ, но да излезе од монетарната унија. Левите радикали во Грција, пак, сакаат по секоја цена да го задржат еврото, бидејќи барем сфаќаат дека нивната земја нема никакви шанси надвор од еврозоната.

Голем тест за ЕУ

По Брексит земјите кои сакаат да прават повеќе долгови, ќе стануваат се посилни. А за Германија, Финска, Ирска и Холандија ќе станува сè потешко да се одржат цврсто на политиката на штедење. ЕЦБ ги залива пазарите со пари и на тој начин ги држи ниски каматите за државните обврзници на јужните земји-членки. Неизвесно сепак колку долго ќе може да функционира оваа шема. Можеби и претседателот на ЕЦБ Марио Драги нема да може да ги спречува шпекулациите за јужните земји-членки, ако Шпанија сега направи вртење на лево.

Во земјите кои плаќаат за политиката на ниски камати, веќе се кренаа критички гласови. Холандскиот десен популист Герт Вилдерс сака во неговата земја, исто така да се одржи референдум за излез од ЕУ. Но не поради “диктатот за штедење” на Брисел, туку затоа што се залага против помошта за јужните држави во Заедницата. Поради истите причини деснопопулистката германска партија “Алтернатива за Германија” сака Германците да излезат од еврозоната.

Центрифугалните сили во ЕУ стануваат посилни. И на Југ, и на Север.