Денешна Русија личи на песочна кула – може да издржи, но може и да се сруши. Затоа ЕУ и НАТО треба да се подготвени како за долго владеење на Путин, така и за ненадеен колапс на неговата власт, пишува DW.
Иако со мака, минатата недела ЕУ успеа да го задржи единството спрема Русија и ги продолжи санкциите против земјата за уште шест месеци. Но за време на дебатите стана јасно дека многу европски политичари се во искушение да бараат некаква ш прифатлива причина за укинување на санкциите. Во должина и нашироко се дискутираше прашањето дали може да има делумно укинување на санкциите, ако постои и делумно спроведување на договореното од Минск.
Човек би покажал разбирање за оваа дебата, ако во украинскиот конфликт Русија се раздвижуваше барем малку. Но таа не емитува таков сигнал. И сега Москва може спокојно да набљудува како расположението во некои европски земји се врти во нејзина корист, при тоа без да е потребно да мрдне и со прст. Изопачувајќи ги фактите така, како што тоа инаку го можат само на Првиот канал на руската државна телевизија, германските социјалдемократи, на чело со министерот за надворешни работи Штајнмаер, го обвинија НАТО дека “ѕвечи со оружје” и “гласна воена реторика”. Притоа “престапот” на НАТО се состои во тоа дека само си ја врши работата: да тренира одбрана на сојузничка територија.
Лекцијата
Колку и да се самозаборава во испраќање на пријателски сигнали кон Москва, Западот мора да е свесен дека при сегашниот руски режим не може да има обновување на односите, какви што беа пред окупацијата на Крим. Европејците треба да бидат свесни и со друго: обидите даги смират страстите преку попусти пред руското раководство може да им излезат во долг рок премногу скапи.
Brexit докажа дека Де Гол беше во право за Британија
Уште пред путиновите “зелени мажи” да слетаат на полуостровот Крим, нормалноста во односите беше повеќе западноевропска желба отколку реалност. По краткиот ужас од руско-грузиската војна во текот на летото на 2008 година, Западот ги затвори очите за голем број на предупредувачки сигнали. И така се отиде дотаму што ЕУ влезе целосно неподготвена во еден конфликт кој се разгоре поради планираното за крајот на 2013 потпишување на договорот за асоцијација со Украина.
По оваа лекција е повеќе од јасно дека е крајно време Западот да помисли над некаква долгорочна политика спрема Русија, која сепак е сообразена со руските реалности. Уште во 1985 година Вацлав Хавел напиша дека “една држава која ги лишува своите државјани од основните човекови права, неизбежно станува опасна и за соседите. Внатрешното самоволие неизбежно прераснува во самоволие во надворешните односи”. Развојот на Русија под раководство на Владимир Путин се јавува како тажна потврда на овие зборови на Хавел: експанзијата на репресиите против различномислечките во самата Русија оди рака под рака со растечката агресија спрема непосредните соседи на земјата.
Никој не може да предвиди колку долго уште Путин и неговото опкружување ќе господарат во Русија. Но имајќи го предвид доброто функционирање репресивниот апарат и високата популарност на Путин, тоа доминација може да трае многу долго. Во исто време, сепак е јасно дека поради економските тешкотии и ерозија на државните институции целата оваа владејаќка структура може да се сруши ненадејно како песочна кула. А она што ќе следи по колапсот, може да се покаже уште понерадосна од сегашната состојба: бидејќи не се знае кој ќе ја преземе власта, постои реална опасност Русија да пропадне за долги години во хаос. А ова е дефинитивно преголема перспектива, имајќи ја предвид големината на земјата, нејзиниот оружен потенцијал и нејзиното значење за енергетското снабдување на Европа.
Цврст пристап, но и дијалог
Кажано накратко: ЕУ и НАТО треба да се подготвени како за долго владеење на Путин, така и за ненадеен колапс на неговата власт. А тоа значи дека тие треба да се во можност да се бранат како против обидите за дестабилизација од страна на сегашниот режим, така и против евентуални шокови по неговиот крај, кога и да се појави тој. Од истата причина треба да биде засилена посветеноста кон источноевропските соседи на ЕУ – и најмногу кон Украина, Грузија и Молдавија. Бидејќи стабилноста на овие земји им гарантира на ЕУ и НАТО повеќе безбедност.
Во исто време треба да е јасно дека цврстиот пристап кон Русија не смее да биде на штета на дијалогот. Европа не се соочува со изборот ѕвечкање на оружје или дијалог, како што се обидуваат да ни сугерираат во последно време. Каналите за дијалог не смеат да бидат затнати. Бидејќи отсега се знае дека Русија ќе го ангажира вниманието на Европа уште долго време.
