Google ќе им овозможи на корисниците да управуваат со онлајн рекламите

од desk3
88 прегледи

Google ќе им овозможи на корисниците да управуваат и да ги персонализираат рекламите, кои ги гледаат на интернет. Нов портал на интернет гигантот им овозможува на корисниците да избираат кои информации да ги споделуваат со него, за да може тој да избира соодветни реклами.

Преку сајтот секој корисник ќе може да укаже на алгоритмите на компанијата какви теми се за него интересни, на која возраст е, каков пол и др. Врз основа на оваа информација Google ќе избира персонализирани реклами кои ќе ги покажува како во своите сајтови, така и преку рекламните мрежи на AdSense.

zx450y250_2786184

Функцијата е доброволна и се активира само при желба од страна на корисникот. Таа ќе биде достапна во фази, а секој корисник треба да добие известување за тоа во неговиот профил во Google. Активирањето ќе им овозможи на Google да ја анализира активноста на корисникот во неговиот профил, вклучувајќи какви сајтови посетувал, што бара, кои апликации за Android ги користи, како комуницира со реклами и др.

Компанијата наведува дека целата оваа информација е достапна за гледање само од корисникот. Алгоритмите ја обработуваат анонимно, а вработените немаат пристап до податоците. Покрај тоа, секој корисник ќе може да ги избрише сите информации во секој момент. За корисниците кои не ја активираат функцијата, остануваат досегашните методи за анализирање и селекција на онлајн реклами.