Американец се обидел да си го скенира половиот орган на каса

од desk3
78 прегледи

 

Полицијата во американскиот град Сиетл го уапси младиот Кристијан Фишер под обвинение дека наводно се обидел да го скенира неговиот полов орган на касата во еден супермаркет.

images

Припадник на обезбедувањето во супермаркетот забележал дека вработената на касата вознемирено бега од работното место поради нешто што момчето става на пултот до касата, а кога се доближи сфатил дека Фишер го става неговиот полов орган на скенерот на касата.

Фишер цело време се смеел и не се обидувал да се побегне дури ни кога дошло обезбедувањето, јави порталот „Смокинг Ган“.

Тој сепак побегал пред доаѓањето на полицијата, но набрзо повторно се врати во супермаркетот. Вработените го бркале од продавницата, но тој не сакал да си оди и почнал да се расправа со нив.

Полицијата го уапсила нешто подоцна неколку улици подалеку од супермаркетот, но тој тврдел дека не го направил тоа.

Момчето е уапсно и сместено во затвор. Ова, инаку, му е четврто апсење овој месец./МИА