Венчалниот прстен на поранешната сопруга на Трамп продаден за 300 000 долари

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Венчален прстен на поранешната сопруга на милијардерот со амбиции за Белата куќа Доналд Трамп беше продаден на аукција во Њујорк за 300 000 долари.4916684

Купувачот посакал неговото име да остане во тајност. Прстенот е со дијамант од 7.45 карати и е дело на мајсторот Хари Винстон.

Американската актерка Марла Мејплс која се разведе со милијардерот во 1999 година го продаде овој накит за 110 000 долари. Тој беше купен од њујоршко семејство кое сега одлучило да го продаде преку аукциската куќа “Џозеф Дјомушел”.

Доналд Трамп е роден во 1946 година во Њујорк. Татко му е со германски корени, а мајка му е Шкотландка. Пред Марла Мејплс тој беше оженет за прекрасниот чешки модел Иванка Зелничкова. Во моментов тој е оженет за словенечкиот модел Мелани Трамп. 70-годишниот магнат има пет деца и осум внуци.