Вселенската мисија ги испратила првите фотографии од планетата.
Вселенската мисија “Џуно”, која се очекува следната недела да пристигне околу Јупитер, ги испрати првите фотографии на Јупитер, пренесува РИА Новости.
На нив се гледа планетата џин и нејзините најголеми сателити, но засега квалитетот на сликата не ги надминува оние што се добиваат од вселенскиот телескоп “Хабл”. Се очекува, сепак при приближувањето до планетата да се добијат најмногу јасните слики на гасниот џин направени досега од човек или робот.
Вселенската мисија “Џуно” почна на 5 август 2011 година и треба да пристигне до Јупитер во јули 2016 година. Вселенското летало не лета во права линија, а треба да направи круг околу Сонцето и Земјата, користејќи го привлекувањето на нашата планета за добивање на дополнително забрзување.

