Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, синоќа одржа прием по повод денот на независноста на САД.

Амбасадорот, Џес Бејли зборувајќи за билатералните односи говореше за помошта која ја пружаат САД и дека целта е Македонија да ги исполни своите планови за евроатлантска интеграција, пренесе Телма.