Google оваа недела воведе нова функција која значително ќе го олесни барањето на информации во случај на земјотрес, па веќе нема да треба да ги разгледуваме повеќе страни кои се прикажани во резултатите од пребарувањето.

Google, како за многу други работи, при пребарувањето на „earthquake“, „earthquakes near me“ и слично, ќе прикаже картичка со повеќе информации за последниот земјотрес.
Картичката ќе прикажува информации како големината на земјотресот, мапа на која што ќе може да се види каде е почувствуван земјотресот, како и совети што да се прави доколку се работи за земјотрес со поголеми последици.