Студентите скандирааат „СРАМ“ пред просториите на Студентскиот парламент. Вчерашните избори, чија нерегуларност (покрај ливчињата без печат, обмотаните кутии, носењето студенти и поранешни студенти пленови на УМС да гласаат )кулминираше со насилно незаконско одземање на гласачките кутии од СПУКМ беше искоментирани како „фер и демократски“./извор Либертас
Вчера бевме сведоци на фијаското на Студентскиот парламент при УКИМ кој оддржа избори за студентски претседател вон академскиот календар на универзитетот, без паравани за гласање, присуство на лица кои не се студенти, без обновен печат, без студентски листи, ниту пак обежани ливчиња.
Дополнително обременети со бојкот од студентите, наместо да ги поништат изборите, СПУКМ ги грабна кутиите и се даде во бег!
И покрај нашето право да добиеме одговори, добивме само безмилосно газење од страна на ЕБР, добивме насилно влечење од просторот кој ни припаѓа нам! Од универзитетот добивме само молк!
БАРАМЕ
- МВР веднаш да ни ги достави извештаите во кои се согледува зошто беа распоредени специјални единици на мирната блокада која се случи пред просториите на Студентскиот парламент
- Поништување на изборите за претседател на СПУКМ од страна на Изборната комисија на СПУКМ или в.д. Претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски
- Изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и проректорите, кои мораат остро да ги осудат вчерашните случувања, и не смеат да ги признаат овие срамни избори
- Непризнавање на претставниците на СПУКМ во раководните тела на УКИМ од страна на УКИМ
Во спротивно, пленумот радикално ќе го бојкотира почетокот на академската година и нема да ги уважува одлуките на универзитетските тела.
Ќе го испереме овој академски срам! Ќе победиме! – стои во најавата на протестот.