Најдоа име за новата слатка верзија на ОС “Андроид“

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Американската компанија “Гугл” (Google) го соопшти името на новата верзија на својoт мобилен оперативен систем “Андроид” (Android). Досега тоа беше познат само со буквата ознака N.4918621 (1)

Оперативниот систем кој засега е во тест период, ќе се вика “Нуга” (Nougat). “Гугл” традиционално им дава на верзиите на “Андроид” “слатки” имиња. Така на виделина веќе излегоа “крофна” Donut, еклерот Eclair, ѓумбировите лепчиња Gingerbread и други.

Овој пат корпорацијата им овозможи на самите корисници да измислат ново име. Од сите испратени варијанти, кои требаше да започнат со N беше избран оној со алвата.

Една од главните новини во новата верзија на “Андроид” ќе се специјалните режими, кои би требало да ja оптимизираaт потрошувачката на енергија и намалувањето на товарот на оперативната меморија. Од “Гугл” ветуваат дека ја додаваат во новата ОС можноста да бидат криптирани одделни датотеки, а не целиот уред. Android Nougat, како што се очекува, ќе излезе на крајот на летото или почетокот на есента оваа година.