ЕПЛ го украл изумот за ајФон?

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Првата генерација ајФон е најавена во 2007 година, но Томас Рос од Флорида тврди дека го измислил 15 години пред тоа.

Apple-Computer-Stores-Company-Inc-Mission-Statement-

Тој одлучи да го тужи ЕПЛ, затоа што го украле неговиот изум. Рос тврди дека меѓу 23 мај 1992 година и 10 септември 1992 година дизајнирал три цртежи на овој технички апарат. Меѓу нив се рамни правоаголни плочи со заоблени агли кои ја отелотворуваат фузијата дизајнот и функцијата на начин на кој никогаш не постоел пред 1992 година.

Рос аплицирал за заштита на патентот во ноември 1992 година, но апликацијата е одбиена во 1995 година, затоа што не ги платил бараните такси. Сега бара десет милијарди долари и 1,5 отсто од продажбата на уредите на ЕПЛ.

На неговите уреди корисниците можеле да читаат приказни, новели, новински написи од весниците, да гледаат фотографии, видео презентации и филмови на рамен екран кој функционира на допир со позадиско осветлување. На него можел да се спои телефон и модем и податоците можеле да се вметнат и експортираат.

ајФон реализиран е дури во 2007 година, но развојот на Apple Newton почна во 1987 година и во продажба беше во 1993 година. Newton беше прв персонален дигитален асистент. Оваа инфомрација ги доведува во прашање тврдењата на Рос.

Портпаролот на Епл одби да го коментира овој случај.