Глобалното загревање помага кај тропските овошја во пристаништето Џеџу

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

 

 

Маслиновото дрво е симбол за Медитеранот и за топлата и мека клима во текот на целата година, па затоа и во грчката митологија маслиновото гранче и масло играат важна улога во божествените интервенции. Медитеранските земји, како Шпанија, Италија и Грција се исто взаемно поврзани со пиктуресната слика од секогаш зелените дрвја.download (50)

Десетици илјади години подоцна, грмушките со зелени маслинки не се повеќе монополизирани од европските земји благословени со идеалната клима, додека Земјата брзо се загрева заради климатските промени и други причини.

На другата страна од климатските промени, островот Џеџу, јужно островско одмаралиште, можеби ќе има корист од ова затоа што јужнокорејското крајбрежје е во процес на „субтропикализација“, во смисол на просечните годишни температури и регионалната флора и фауна.

Околу 50 маслинови дрвја кои раѓаат малечки зелени плодови луксузно се одгледуваат на фарма со која управува државниот Земјоделски истражувачки институт за климатски промени (АРИКК), лоциран на југот на Џеџу.

– Донесовме десетина дрвја во 2009 од Нов Зеланд и ги посадивме во гола земја откако беа две години во стаклени градини, вели Ким Чун-хван, надлежен истражувач за маслиновата фарма на АРИКК. „Од тогаш тие преживеаја пет зими тука на Џеџу. Издржаа неколку температури под нулата, но преживеаја“.

Рече дека со неговиот тим собрале неколку стотини килограми маслинки на фармата по третата година од посадувањето.

Ким забележува дека дефинитивно маслинките можат да растат во Џеџу на 250 метри надморска висина додека температурите омекнуваат доволно за медитеранското растение кое сака топло време и отвореност кон сонцето.

Маслинките не се единствените растенија кои климатските промени ги донесоа во Јужна Кореја, што некои го дефинираат како „благослов од глобалното загревање“ воглавно предизвикано од емисиите на јаглерод диоксид. Просечната годишна температура во Јужна Кореја пораснала за 1,8 степени Ц. во периодот помеѓу 1911 и 2010, што е многу побрзо отколку порастот низ светот од 0,75 Ц во текот на еден век.

Покрај тоа, на Џеџу температурата многу побрзо расте затоа што просечната дневна температура достигна до 16,2 Ц во 2014, што е пораст за 2,2 Ц од 14 Ц во 1947 година. Во зима, најниската дневна температура се спушта до минус 3 Ц во последниве години.

АРИКК брзо се престрои за справување со глобалното загревање во земјата и оформи стручни тимови и изгради специјални стакленици во 2008 година.

Тие се фокусирани на промените на фауната и флората во земјата за да откријат какви видови субтропски и тропски овошја и зеленчуци ќе можат да се одгледуваат во Јужна Кореја при потопла клима.

Четириесет и две растенија се предмет на истражувачкиот проект на АРИКК; вклучувајќи маслинки, папаја, јаболкото манго, артичоки и индиски спанаќ.

Папајата е една од клучните растенија на фармата која стручњаците на АРИКК се обидуваат да ги убедат локалните армери да ја култивираат како алтернативно растение во блиска иднина онака како се загрева климата на Џеџу и станува доволно топла за да се одгледува овошје без дополнително вештачко загревање.

Редица високи папаја дрвја скоро ќе се скршат под тежината на големите зелени папаја плодови растат во стакленикот на АРИКК, каде воопшто и нема загревање.

– Пробно засадивме дрва во април и во септември веќе имавме зелени плодови. Тоа е тоа. Потребен ни е стакленик за да го заштитиме од силното сонце, и не е потребно никакво загревање.

Незрелото зелено овошје може да се готви, вообичаено во кари, салати и варива, како што го користат во Југоисточните азиски држави. Папајата е многу популарна во тајландските и виетнамските ресторани и меѓу емигрантите кои живеат во Јужна Кореја.

За да се одгледа зрел плод со боја на портокал, сепак температурата треба да биде одржувана најмалку на 15 Ц степени во зима што претставува дополнителен финансиски товар за одгледувачите.

– Ако глобалното загревање продолжи со ова темпо, јужниот дел од Корејскиот полуостров ќе стане субтропски, со исклучок на Сеул и планинската област Гангвон, до 2080 или 2090 година, вели научникот. „Дотогаш папајата ќе стане растене кое во Јужна Кореја ќе се одгледува на отворено на ниви“.

Тој вели дека шеќерната репа и шеќерната трска, па и кафето и какаото исто дотогаш ќе бидат достапни затоа што просечната температура до 2090 година се очекува да се покачи за 6 Ц.

– Потребни ни се уште истражувања за овие растенија. Иако корејските температури ја достигнуваат оптималната точка за овие овошја, треба добро да истражиме дали ќе виреат на корејска почва, на различните дождовни шеми, нови болести и тн., рече Сеонг.

Истовремено, АРИКК ги истражува ефектите од глобалното загревање кај овошјата и зеленчуците кои сега нашироко се произведуваат во Јужна Кореја, како што се кинеската зелка и пиперки. Двата зеленчуци се главните состојки во традиционалната јужнокорејска храна кимичи.

АРИКК гради 18 специјални стакленици наречени комори за постепено подигнување на температурата за експерименти за тоа како растенијата ќе бидат засегнати од промените на просечните температури, и како врз нив ќе делуваат болести и бактерии.

Во долгите комори, температурата на воздухот постепено се покачува од нормалната температура на влезот, а од едниот до другиот крај разликата во температурата е 6 Ц.

Кинеската зелка, која сака постудено време, почнува да се суши на почетокот од комората и на средината веќе е изумрена, додека пиперката нешто подобро издржува но исто на крајот и таа изумира.

– Во следните 80 години ќе имаме температури повисоки за 6 Ц. Тоа и не е толку долг период, вели научникот Мун Кјунг-хван.

Тој вели дека околу 2030 година, најверојатно нема да можеме да купуваме кинеска зелка на лето затоа што повисоката температура не му дозволува на растението да расте во области кои се дури и на повисока надморска висина во провинцијата Гангвон.

– Глобалното загревање ни дава нова можност со тоа што ќе можеме да одгледуваме поширока палета невообичаени зеленчуци и овошја на нашата почва, вели Мун. „Но треба да имаме на ум дека принципот дај-дам тука добро функционира. Притоа ќе ги загубиме нашите растенија“

Јонхап – Сеул