Оргазмот може да биде тешка работа. Во еден момент сте на работ до екстаза, а во следниот како магија исчезнува и се молите возбудата да се врати. Зошто се случува така?
Според експертите неможноста за постигнување на оргазам се должи на различни причини, главните од кои се стресот, загриженоста и недостатокот на самодоверба. Дури сепак и да не се добие од првиот пат, не се откажувајте, туку работете на прашањето. На помош ви доаѓаат секс експертите со следните совети:
1. Користете ја фантазијата
Не грижете се, партнерот нема да разбере дека не мислите за него. Практично неодамнешна студија покажа дека повеќе од половина мажи фантазираат за други жени за време на секс со партнерот. Тоа не е неверство, па не се вознемирувајте. Ако имате омилен актер или музичка ѕвезда, замислете дека тој го допира вашето тело и ќе води љубов со вас.
2. Мастурбирајте
Патот до оргазмот поминува низ себеспознавање, а на сексуален план тоа најбрзо се постигнува, ако го учите сопственото тело и си играте со него. Така ќе дознаете што ве возбудува и ќе ги читате правилно сигналите кои телото ги испраќа. Научно докажано е дека колку повеќе оргазми добивате (дури и сами), толку полесно ќе ви е да достигнете екстаза и со партнер. Телото има мускулна меморија, а и мастурбирањето ги прави жените ослободени и самоуверени.
3. Создадете си ритуали пред секс
Стресот може да ја блокира способноста да достигнете оргазам. За таа цел треба да си создадете навики / ритуали пред чинот, кои ќе ви помогнат да се опуштите. Нежна музика, стриптиз, конкретни милувања … може дури да го замолите партнерот да ви направи масажа за загревање.
4. Се фокусирате на вашите сетила
Дамите често се загрижени за тоа како изгледаат за време на секс. Дали ги забележува малите гради? Стомакот многу ли виси така? Смешна ли изгледам? Заборавете на овие порочни мисли и концентрирајте се на тоа што чувствувате кога ве гали, бакнува, врз ритамот на срцето. Така ќе се релаксирате, возбудите побрзо и ќе поверувате во себе и својот сексапил.
5. Работете заедно
Убаво е да имате секс со искусен маж, но дури и најголемиот експерт не може да ви помогне да стигнете до врвот, ако не му помогнете. Не се срамете да го стимулирате клиторисот со прстите или да ги галите градите. Вие најдобро знаете што ве возбудува и може дури деликатно да го наведете партнерот на што да го концентрира вниманието.