Вечерва со почеток во 21:00 часот ќе можеме да го проследиме суперфиналето на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ кое претставуваше едно од омилените талент натпреварувања за сите популации во изминатиов период. Вечерва ќе биде прогласен победникот, а судија ќе биде само публиката со своите гласови.
Помеѓу 10-те суперфиналисти кои маѓепсаа со својот талент, ќе настапат и двете Македонки кои успеаја да доминираат на сцената со своите неверојатни пејачки, актерски и танцувачки способности и во неколку наврати беа веќе прогласени за победници и најдобри, од страна на стручното жири.
За Антониа Гиговска, 14 години од Скопје, и Мартија Станојковиќ, 12 години од Куманово, ќе можете да гласате на телефонските броеви подолу, а линиите се постојано отворени до крајот на самото суперфинале.

За победникот во втората сезона ќе одлучат гласовите на публиката, па време е Македонија да ја даде поддршката за своите натпреварувачки, кои со својот вонсериски талент нè претставуваа пожртвувано изминатата сезона.
Ве потсетуваме на нивните настапи во финалето во петокот, додека ги чекаме вечерашните последни претставувања.
