Кога економијата не оди, доаѓа времето на нестандардните идеи. Во Сардинија успешно испробаат еден оригинален модел, кој би можел да им помогне и на другите региони во криза-пишува DW.
Долго време економијата на островот Сардинија беше во колапс. Повеќето високообразовани млади луѓе бараа среќа во странство. Клубот на малите и средни претприемачи “Сардекс” требаше да ја заживее западнатата економија во регионот. Тој им овозможува на членовите да склучуваат бескаматни договори меѓу себе. При тоа – без пари. Основачот на “Сардекс” Џузепе Литера раскажува дека ја позајмил идејата од швајцарското кооперативно здружение “Ние”.
Како функционира овој модел?
Ердоган еруптира: Асад е поголем терорист од “Исламска држава”
Членовите на “Сардекс” имаат пристап до посебен онлајн-портал. Таму се наоѓаат огласите за побарувачката и понудата на различни производи и услуги, објавени од другите членови. Плаќања меѓу нив се врши со помош на т.н.. “Сардекс-кредит” – без пари. Како го прави ова? Да претпоставиме дека стоматолог, трговец на намирници и столар членуваат во “Сардекс”. Забарот лекува забите на дрводелецот, за кој добива кредит кој тој се користи за да пазарува кај трговецот на прехранбени производи.

А трговецот за возврат му плаќа на дрводелецот за изработката на новите полици во продавница со добиениот од стоматологот кредит. Така кругот се затвора. Трговијата во рамките на “Сардекс” се врши без пари и без влечење на банкарски кредити. Но тоа не е сè – членовите на клубот се обврзани да тргуваат и со не-членови, за да можат на тој начин да набават капитал во готово, а и да плаќаат даноци кон државата.
“Сардекс” препорачува на своите членови да не вршат повеќе од 20 проценти од своите активности преку кредитниот систем на клубот. “Во рамките на една години секој член треба да ги одржува во рамнотежа своите купувања и продажби, па кредитната историја да е околу нула. Ова е потребно за да може системот да функционира”, објаснува Литера.
Сите податоци за спроведените “купувања” и “продажби” се достапни за членовите на здружението на интернет. “Ова создава транспарентност и доверба”, вели Џузепе Литера. За “Сардекс” работат специјално ангажирани луѓе кои ги следат сметките на членовите да се во рамнотежа, бараат нови можности за бизнис и евентуални нови кандидати за членство. Притоа “Сардекс” собира детални информации за економијата на островот Сардинија и открива нови шанси за бизнис на регионално ниво. Така фирмата успева да ја консултира дури владата во Сардинија.
Почетокот
Во почетокот на 2000 година Џузепе Литера и уште неколку негови пријатели од гратчето Серамана решаваат да создадат затворен кредитен систем за малите и средни претпријатија во Сардинија. Во почетокот тие не поседувале речиси никаков почетен капитал, туку само идеи и трпение. По првичните тешкотии фирмата почнала да се шири со брзо темпо. Денес во “Сардекс” членуваат над 3 200 фирми.
“Тоа се околу десет проценти од малите и средни претпријатија на островот”, вели Литера. Во 2015 година преку “Сардекс” се извршени трансакции во вредност од 51 милиони евра. Бизнис-моделот на фирмата е едноставен. Членовите на клубот плаќаат годишна рата во евра . Малите претприемачи плаќаат членарина во рамките на неколку стотици евра, а големите – до неколку илјади. Други такси не постојат.
Експанзијата
Клубот “Сардекс” веќе го извезува својот бизнис-модел и во други делови на Италија. Во последните две години на клубот се приклучија уште десет италијански региони. Кредитните кругови се организираат независно еден од друг. “Во секој регион треба да има околу 600 членови на кругот, за да се обезбеди успешно работење на системот”, вели Литера.
Државата исто инвестира во “Сардекс”, а тоа е сигнал дека Италија го проценува изворно овој бизнис модел за конјуктурата. Во меѓувреме веќе пристигнуваат барања од Шпанија, Хрватска, Англија и дури од Бразил.

