Три методи за лесен успех

од desk3
88 прегледи

Можно е да има лесен начин на кој да го зголеми нивото на успех, покажува новото истражување, имено преку позитивен внатрешен дијалог. Истражувањето објавено во списанието за Психологија, разгледува како различни психолошки техники влијаат врз успехот на некого, додека тој игра различни гејмерски системи.Учаесниците во истражувањето се околу 44 742 доброволци на возраст меѓу 16 – 92 години, кои биле ангажирани да дизајнираат веб-сајтови, како на пр на BBC Lab Велика Британија.

1467547023-12

На учесниците им било наложено да користат еден од три можни психолошки вештини и пристап за справување со задачата, пишува Business Insider.

Првиот психолошки метод е поврзан со тоа да се користи имагинацијата – со други зборови учесниците требало да се претстават успешно во дадена ситуација.

Другиот психолошки потфат бил учесниците да си кажат гласно дека се во состојба да се справи со одредена задача на повисоко ниво.

Третата психолошка вештина која требало да ја користат била “ако – тогаш план”, при што учесниците требало да го планираат начинот со кој ќе постигнат резултат.

Сите учесници беа тестирани потоа и со четврт различен начин, вклучувајќи анализа, последица, возбуда – контрола (како ги контролираат своите емоции) и обука (како минуваат низ процесот).

Истражувачкиот тим откри дека учесниците постиганале најмногу откако го користеле методот со кој зборуваат сами. Тие си велеле на пример: “Можам да го подобрам резултат следниот пат.”

Следната најдобра стратегија била кога учесниците си велеле: “можам да реагирам побрзо следниот пат.”

Третиот најдобар метод бил во кој учесниците го замислувале успехот.

Значи следниот пат кога нешто изгледа премногу тешко, само спроведете еден внатрешен разговор со себе и имајте вера дека можете да се справите со задачата.