Ќе бидам целосно отворен и искрен. Не можам да ве разберам, а и вистински се ежам од релативизаторите на случувањата на 30.06.2016 и 01.07.2016 пред СПУКИМ. Особено кога тие релативизатори се колеги, студенти.

Со вашите коментари дека студентите не требало да тргнат по кутијата, дека не требало да седат пред седиштето на СПУКИМ (кое всушност би требало да е нивни дом), дека си добиле што заслужиле и дека поминале само со модринки ја чините најголемата штета во борбата за правда, законитост и подобра иднина! Оние студенти кои беа затечени пред СПУКИМ беа тепани, влечени и изолирани од специјална полициска единица – Единицата за брзо распоредување. Единица која според својата суштина служи со цел директна акција, борба против тероризам, обезбедување на функционери/политичари, а овој пат бранеше мала група на корумпирани „студентски претставници“ од студентите кои, всушност, ги претставуваат! Бранеа мала група на студенти која реши да стапи на функција „претставник на студентите“ преку избори кои се спроведуваа спротивно на секој важечки правен акт, без параван, без валидни избирачки листови, без избирачки список…. Накусо, група на студенти кои сакаа да ја киднапираат својата позиција.
Наместо да релативизирате осудете го насилството и запрашајте се каква е вашата иднина! Бидејќи, ваквото насилство денес, спрема студенти, ваши колеги, значи уште поголемо утре, према граѓаните на оваа држава воопшто!
Студент(к)ите, колегите/колешките се хероини и херои кои решија дека нема повеќе да бидат „претставувани“ од микро-функционерчиња кои делуваат исто како и нивните „ментори“ на макро-ниво.
#Срам за МВР, срам за Република Македонија!
Константин Битраков
фејсбук статус