Антониа Гиговска се пласираше на 7 место во суперфиналето на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
139 прегледи

По вториот пресек во суперфиналето на Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска го напушти натпреварувањето како седмо пласирана. pinkove-zvezdice-foto-printskrin-1467586220-94263514 годишната скопјанка успеа заедно со Мартија да стигне до најдобрите 10 во последната емисија и да се бори помеѓу најталентираните за победата во втората сезона на регионалното талент шоу Пинкови ѕвезички.

Антониа настапи два пати во суперфиналната вечер, прво со хитот на Мајкл Џексон “Billie Jean”, а потоа со познатата балада “I will always love you” која рече дека е посветена на некој кој треба самиот да се препознае.

“Ти си Бродвеј, Холивуд, Булеварот на славните, заслужуваш да бидеш пример на младите… ти си еден сериозен врв!“ ѝ рече Леонтина.