Затворен портокаловиот мост во Италија

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Портокаловата подвижна пешачка патека во северното италијанско езеро беше затворено во неделата. За кусата егзистенција инсталацијата успеа да привлече над 1,2 милиони посетители – двојно повеќе од очекуваното.4925621

Лебдечките пристаништа на островот Изео се платени и направени од американскиот уметник со бугарско потекло Кристо, ќе останат како дел од “номадската култура”, како што се изрази авторот. Тие ќе го продолжат животот во дигиталниот простор, обезбеден од “Гугл”, пренесе АФП.

Непосредно пред затворањето во неделата вечерта редиците за трите километарски “лебдечки понтони” на езерото Изео покриени со жолто-портокалова боја ткаенина, се намалија.

Пластичната конструкција го поврзуваше крајбрежниот град Сулцано со островите Монте Изео и Сан Паоло. Инсталацијата чинеше 16 милиони евра и беше финансирана со продажба на цртежи и подготвителните проекти. И покрај зголемените трошоци за чистење и заштита, како и бројни интервенции на медицинските поради натрупувањето на луѓе во топли денови, локалните власти се задоволни и очекуваат повеќе туристи поради зголемената слава на регионот.