Откако во Москва молња го удри мобилниот телефон на момче додека тоа разговараше за време на бура, руски медиуми побараа мислење на експерти.
Алксандар Гинзбург, доктор на физичко-математички науки, заменик-директор на Институтот “Обухов” по физика на атмосферата кон Руската академија на науките одговара: “Што е ризик? Колкава е веројатноста, какви се штетите. Не сум сигурен дека мобилниот телефон е поопасен отколку велосипедот или уште нешто што може да го носи секој човек. Тоа, во кое удрила молња, значи го удрила. Ако е погоден, тоа за жал е лошо. Но, не мислам дека има некаква карактеристика дека е мобилен телефон. Само мобилните телефони се многу и се држат околу главата. Тоа е како случајност. молња удира од време навреме и за жал од тоа гинат и луѓе. Имав случај во центарот на Москва, тогаш живеев во мала двоспратна куќа опкружена со високи блокови и покрај тоа на некој начин во нашата куќа падна молња и изгоре новиот компјутер. а во другите апартмани изгореа телевизорите. се разбира – има струја во мобилниот телефон, малку и како секоја и најмала електрична мрежа може да биде поопасен без изолацијата. Не треба за време на бура да се зборува на мобилен телефон “, препорачува Гинзбург.
Што се однесува до момчето, удрено од гром, како што тој кажува сам пред Life.ru, молњата го удира по раката, но сега само главата го боли. Според лекарите момчето не е повредено, тоа е во целосна свест и нема потреба од посебна медицинска помош. Веројатно станува збор за индиректен погодок на молња или само на еден дел од моќниот електриченпроток. Повторно во исто време маж загина крај брегот на реката, удрен од молња. Крај него настрадаа две жени.