Фронтекс: Претстои многу голем миграциски бран кон Европа

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Директорот на Европската агенција за управување на надворешните граници Фронтекс Фабрис Леџери предупреди дека мигрантсаката криза сеуште не е завршена

бегалцик Не, миграциската  криза не е помината. Луѓето продолжуваат да бегаат, нешто пострашно – сега имаме повеќе бегалци во споредба со претходниот период. Ова предупредување го упати директорот на Европската агенција за управување на надворешните граници Фронтекс Фабрис Леџери. Во моментов ситуацијата на Балканот е мирна, но во исто време се отвора нов центар во кој мигрантите се упатуваат  кон Европа – станува збор за маршрутата од Северна Африка во Италија. Таму минуваат 13-14 пати повеќе луѓе отколку од Турција во Грција, предупредува Леџери. Според неговата проценка бегалците кои се упатуваат кон Европа од северна Африка, доаѓаат од Африканскиот рог, од Судан, од Западна Африка, пренесе телевизија RTL. Либија не е единствената држава која станува центар за мигрантите, кои се обидуваат да стигнат до Европа. Египет е новата жешка точка за шверцерите на луѓе. Овој пат е многу опасен и патувањето по него продолжува над 10 дена, истакнува директорот на Фронтекс. “Еритреја е управуван од брутална диктатура и има масовно гонење на луѓе. Овие лица имаат потреба од заштита. Има и луѓе кои ги напуштаат Сенегал, Гамбија, Нигерија и Брегот на Слоновата Коска во пребарувања на подобра иднина”, вели уште Леџери, цитиран од. “Хамбургер моргенпост”.

Според него се уште има се  пробојни по т.н.. “Балкански пат” и поради оваа причина постои опасност од илегални мигранти. Директорот на Фронтекс смета дека Европа нема да може да се справи со новиот  бегалски бран без соработка со земјите кои не се дел од ЕУ, како Република Македонија и Србија. “Балканскиот пат” повеќе не постои во вид од минатата година. Бегалците се уште не нашле алтернативен пат. Ова се должи на затворањето на границата на Македонија со Грција, како и на затегнатата  гранична контрола во Бугарија … Но според Леџери потенцијално жариште на напон продолжува да  биде бегалскиот камп во Грција – Идомени. Новиот миграциски бран, со која ќе се соочи Европа ова лето, ќе биде поголема и ќе има повеќе луѓе од Африка “, предупредува уште директорот на Европската агенција за управување на надворешните граници Фронтекс Фабрис Леџери.