Нискобуџетна авиокомпанија не издржа туристички бран во Шпанија

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Шпанската нискобуџетна авиокомпанија “Вуелинг ерлајнс” (Vueling) не успева да го услужи моќниот туристички прилив. Компанијата поништи 20 полиња во сабота и уште 14 во неделата и предизвика голем неред на аеродромот во Барселона и гневот на патниците во Европа, како и на каталонските власти.4925583

Среде големото заминување за летните одмори, на информатвните табли на аеродромите неколку десетици летови на компанијата запишаа одложувања. Уморните и лути патници правеа редици пред касите на авиокомпанијата. Соочени со оваа ситуација властите во Каталонија предвидуваат да ја казнат компанијата со седиште во Барселона. Во понеделникот раководството беше повикано на итна седница, за да биде побарана “промена во односот” и решенија за патниците.

Според “Вуелинг” доцнењата се должат на “оперативни причини” поради кои се извинуваат на сите патници. “Кон крајот на денот ситуацијата се подобрува и бројот на одложувањата е минимален”, тврди трговскиот директор на авиокомпанијата Давид Гарсија Бланкас во втората прес-конференција од почетокот на проблемите во четвртокот. 4925582

Патниците, чии летови се откажани се пренасочени кон други летови за кои им се плаќаат дополнителни трошоци, рече директорот додавајќи дека компанијата работи на максимум вртежи, за да го реши проблемот што е можно побрзо и со интензивирани тимови. Според синдикатот “Ставла” (Stavla), кој ги претставува интересите на кабинскиот состав, тешкотиите кои се акумулираат од неколку дена, се должат на лошо планирање на летни летови, премногу амбициозно спрема капацитетот на авионите на авиокомпанијата.

Штрајкот на диспечерите во Франција и во Барселона на аеродромскиот оператор “Суиспорт” исто така придонесуваат за заострување на ситуацијата.

“Вуелинг” е основана во 2004 година и во моментов е Филијалата на IAG ( “Бритиш ервејз”, “Иберија” …). Доцнењата се случуваат во момент во кој Шпанија, трета туристичка дестинација во светот, се соочува со нови рекорди. Земјата привлече бројни туристи кои ги избегнуваат премногу опасните поради нападите дестинации.