6 полиции го апсеа и пак успеа да го направи масакрот во Истанбул

од desk3
136 прегледи

Тој е наводниот организатор на нападот на аеродромот во Истанбул со над 40 убиени. Во Русија Ахмед Чатаев е баран за терористички активности, но статусот на бегалец, даден му во Австрија, спречува негова екстрадиција-пишува DW.

0,,19375460_303,00

Нападот на аеродромот во Истанбул со повеќе од 40 жртви најверојатно бил организиран од Ахмед Чатаев. Тоа го напиша весникот “Yeni Safak”, повикувајќи се на анонимни извори од турските тајни служби.
Во Русија – терорист, во Австрија – бегалец

Ахмед Чатаев, со прекар “Едноракиот”, е стар познаник на руските спроведувачи на законот. За време на втората чеченска војна тој е уапсен за припадност кон незаконска вооружена формација, но успева да избегне затвор. Во 2001 година Чатаев ја напушта Чеченија, а во 2003 година се населува во Австрија. Таму добива статус на бегалец – бидејќи тврди дека бил измачуван за време на распитите во Русија, по што останал без една рака. Според друга верзија, Чатаев бил тешко повреден во борби со руските војници и така ја изгубил едната рака.

Фронтекс: Претстои многу голем миграциски бран кон Европа

Во 2008 година Чатаев е уапсен заедно со уште двајца мажи во шведскиот град Трелеборг. Во регистрираното на негово име возило се откриени калашникови, патрони и запалка. Во текот на истрагата Чатаев раскажал дека е еден од возачите на чеченските бегалци во Западна Европа и дека имал даден азил во Австрија. Шведскиот суд го осуди на година и четири месеци затвор за шверц на оружје и му забранува да влегува на територијата на Шведска за 10 години. Исто така во 2008 година, чеченскиот суд издава наредба за апсење на Чатаев за припаѓање на терористичка организација. Врз основа на оваа наредба, руското Министерство за внатрешни работи праќа барање до Интерпол за пронаоѓање на Чатаев. Руски медиуми тврдат дека Чатаев е баран уште од 2003 година за врбување на борци и прибирање финансиски средства за вооружено востание во Северен Кавказ.

0,,19372751_401,00

Во јануари 2010 година Чатаев е уапсен во Украина по барање на руските спроведувачи на законот. Украинското Министерство за внатрешни работи тогаш информираше дека во мобилниот телефон на Чатаев се откриени инструкции за субверзија. Сепак тој не е екстрадиран во Русија. Не на последно место улога за тоа игра и организацијата Амнести интернешенел. Европскиот суд за човекови права ги повикува украинските власти да не го екстрадираат Чатаев во Русија, бидејќи тој добил азил во Австрија и спаѓа под заштита на Женевската конвенција и Конвенцијата за бегалци на ОН од 1951 година.

Бугарија одбива да го екстрадира

Во мај 2011 година Чатаев е уапсен на влез во Бугарија од Турција. Окружниот суд во Хасково одлучува за екстрадицијата на осомничениот терорист во Русија, но Апелацискиот суд во Пловдив ја укинува одлуката на понискиот суд. Во 2011 година австриското Министерство за надворешни работи протестираше пред Бугарија:

“Министерството за надворешни работи на Австрија испрати протестна нота и уште неколку документи. Главната причина за одбивањето на судот да го екстрадира Чатаев беше дека тој се стекнал со правото на азил во Австрија, и Бугарија немаше право да го екстрадира во Русија “, вели адвокат Веселин Георгиев, кој го бранел Чатаев пред бугарскиот суд. Тој додава дека многу активисти, вклучувајќи и чеченската дијаспора во Бугарија, организирале протести против екстрадицијата на Чатаев во Русија.

“Едноракиот” е уапсен повторно во 2012 година – овој пат во Грузија по специјализирана операција на грузиските сили за безбедност, кои апсеа борци на границата со Русија. Чатаев е уапсен под обвинение за нелегално поседување на експлозиви, бидејќи при апсењето кај него биле пронајдени две гранати.

Во листата на терористите

По се ‘изгледа дека потоа Ахмед Чатаев се населил во Турција. Според податоците на руските тајни служби, Чатаев е еден од главните врбувачи на руски граѓани за борци на “Исламска држава” (ИД) и командува специјално единица за подготовка на терористички напади во Русија и Европа. Во октомври 2015 година ОН го призна Чатаев за терорист и неговото име се најде во листата на поврзани лица со ИД и Ал Каеда . Во оваа врска Советот за безбедност на ОН ги повика земјите-членки да ги замрзнат банкарските сметки и да му забранат влез на нивна територија. Само неколку дена подоцна и САД го вклучија Чатаев во списокот на лицата со наметнати санкции поради припадност на терористичка организација.