Ова го докажуваат го кадрите снимени од телескопот “Хабл”.
Јупитер е планета која секогаш го привлекувала вниманието на прво место со големината – тоа е најголемата во Сончевиот систем, а на второ – со мистериозното т.н. црвено “око”. Сепак, излезе дека на оваа планета – како и на Земјата – има северен сјај.
Причината за овој феномен е иста како и на нашата планета – интеракција на магнетното поле со честички околу планетата, кои влегуваат во нејзината атмосферата со голема брзина.
Има и разлики со феноменот на Земјата – на Јупитер сјајот е многу силно, а и покрај тоа е во ултравиолетовата дел на спектарот. Научниците се уште не гое пресметале точниот обем на поларниот сјај, но магнетното поле на Јупитер е 20.000 пати посилно од тоа на Земјата.
Најубавите кадри се снимени од телескопот “Хабл”, иако сега друг вселенски апарат е во центарот на вниманието на научниците и љубителите на вселенската тематика: сондата “Јунона” се приближува кон Јупитер и по сложен маневар треба влезе во нејзината орбита.
Мисијата на сондата е да се собере податоци за составот и структурата на најголемата планета во Сончевиот систем, кои ќе го откријат нејзиното потекло.
Друга важна задача е да се утврди количеството вода на Јупитер. Ова ќе помогне при колку кислород имало во овој регион на Сончевиеот систем при формирањето на планетата и најверојатно ќе даде одговор на прашањето дали Јупитер е место каде може да се преселиме.
Обиколката на планетата е 11 пати поголема отколку што е земната, а и околу неа има 67 познати месечини. Сондата “Јунона” беше истрелана на 5 август 2011 година Таа тежи 4 т и е управувана со соларна енергија. Буџетот на мисијата на испраќање нејзините цели е 1,1 милијарди долари.

