Сте се запрашале ли некогаш какво е чувството да умреш? Најљубопитните можат да си одговорат на ова прашање благодарение на симулаторот на смртта, создаден од чилеанскиот психолог Игнасио Гутиерес.’Кога ковчегот ќе се затвори над тебе, првото чувство кое го доживуваш, е страв. Не знаеш што ќе се случи со тебе. Ако можам да го објаснам со една реченица – тоа е како да се соочиш со себе на еден поинаков и неискажлив начин “, раскажува Диего, кој го испробал симулаторот. Чувството на смрт доаѓа од специфични звуци и осветлува.
“Повеќето доброволци влегуваат во симулаторот нервзони, но излегуваат многу опуштени. Можеш да го опишеш доживувањето, но “смртта” е секогаш различна – нема две исти “, категоричен е креаторот на симулаторот.
Пронајдокот на Игнасио Гутиерес, се разбира, не е прв обид да се пресоздава чувството на смртта. Во април во Шангај проработи забавниот Симулатор на смртта, кој им овозможува на посетителите да ја преживеат сопствената смрт, кремирање и воскреснување. Тие се “убивани” и “кремирани”,а потоа “воскреснуваат”.
