Видови оргазам кои е задолжително да ги доживеете

од Vladimir Zorba
810 прегледи

Што е секс без оргазам? Тоа е како да јадеш чоколадо, но да немаш рецептори за вкус. Нема смисла, ако не го живеете целосно обземачкото искуство кое оргазмот го носи.6e51191d5798b117711ea4274d7c47ab

Секоја жена треба да ги испита следните неколку вида оргазам, за да се почувствува навистина жива. За да се оцени вашето тело и она што е способно да ѝ го даде тоа!

Оргазам при стимулација на брадавиците
Играта со брадавиците може да го обземе телото и да предизвика лачење на големи количества серотонин – хормон на среќата. Покрај тоа сексуалната иритација на брадавиците дејствува индиректно на клиторисот и го зголемува степенот на уживањето постојано.
Истото важи и кај мажите. Брадавиците на градите им се не помалку чувствителни на стимулација.

Оргазам, како последица на стимулација на G-точката
Ова е еден од највозбудливите видови оргазам. Кај него дури и многу од жените добиваат т.н. женска ејакулација.61f94bf9de6f4c8e83698018e41e2072
Кога партнерот ќе ја открие G-точката, последователното искуство за вас е гарантирано врвно и треба да го доживеете задолжително!

Клиторален оргазам
Клиторалниот оргазам е не помалку возбудлив од останатите. Стимулацијата на клиторисот е еквивалентна на стимулацијата на пенисот кај мажите. Дури и благ притисок врз клиторисот може да предизвика неверојатни чувства.
Не се лишувајте од овој вид оргазам. Ако партнерот нема трпение додека го добие, инсистирајте! Нека ги доведе работите до крај –  ќе вреди!2d33b3fcb6bd57193e88fe7605e50567

Оргазам при стимулација на А-точката
А-точката се наоѓа точно зад G-точката. Таа е најсилно опиплива и подложна на стимулација по оргазам, предизвикан при допир на G-точката.

Анален оргазам
Аналниот отвор е исклучително богато опремен со нервни завршетоци. Нема да е потребно премногу долго стимулирање пред да дојдете до оргазам . Ако се грижите од болка при анален секс, стимулацијата со прст од страна на партнерот врши исто одлична работа.

Уретрален оргазам
Уретрата се наоѓа во близина на надворешните полови органи. Ткивата, од кои е составена исто така е богато инервирана. При индиректна стимулација на таканаречената U-точка (од уретер) чувствителните ткива на оваа зона придонесуваат за доживувањето на неверојатен оргазам.
Треба да се внимава, сепак, бидејќи премногу силна стимулација може да предизвика болка.
Слики: iStock