Lenovo пушта виткачки смартфон

од desk3
129 прегледи

Пред време Lenovo ги претставија двата прототипа на виткачки телефони. Уредите сепак останаа надвор од светлата на рефлекторите, кои во исто време беа насочени кон други нови модели на компанјаята- Moto Z и Tango Phab 2 Pro. Онака, ниту еден од нив наскоро нема да се стави во промет.

1467798786-digital

Така барем звучи збирно последниот материјал за темата на сајтот PocketNow. Цитирајќи го Lеnovo, од сајтот пишуваат дека барем еден од двата прототипа – оној кој се става на зглоб – ќе може да излезе на пазарот дури по половина деценија. Кинеската компанија се надева дека ќе го претстави “за две години”, но сама признава дека ваквата прогноза е “нереална”. Во пракса тоа значи дека првиот навистина слободно виткачки телефон ќе биде подготвен и ќе стане достапен за корисниците дури во 2021г.

Во меѓувреме сепак Lenovo можат да бидат претекнати од своите конкуренти. Се зборува на пример дека Samsung веќе се технички подготвени да поднесат виткање на телефон. Нешто повеќе, компанијата би можела да претстави овој претставник од линијата Galaxy уште до крајот на годината или, во најлош случај, на почетокот на 2017 година.