Нешто во земјата почнува да се раздвижува: посиромашните Руси се помалку лојални на власта и се помалку се плашат да го признаат отворено-пишува DW. Но има ли кој да ги организира?
Во Русија најпопуларниот израз “за доброто на сиромашните” се гледа како синоним за целоснa бесмисленост на некое дејствие. Во демократските општества повеќето политички сили дејствуваат токму со цел да се подобри ситуацијата на сиромашните – токму поради оваа причина беа создадени социјалните држави со функционални системи за помош и субвенции. Во Русија такво нешто дури не е замислено.
Сиромаштијата се зголемува драстично
Во услови на сегашната криза се повеќе Руси живеат под прагот на сиромаштијата. Статистичките податоци покажуваат дека во првиот квартал на 2016 година бројот на сиромашните во земјата нагло е зголемен, достигнувајќи ниво од 22,7 милиони лица.
Само за споредба: Во последниот квартал на 2015 година, нивниот број бил 14, 4 милиони луѓе. Всушност нивото на сиромаштијата во Русија е дури уште повисоко. Бројот на луѓето кои немаат доволно пари за храна и облека, пoрасна во последната година со една четвртина. Нивниот удел од вкупната популација во меѓувреме изнесува повеќе од 40%. Последното истражување на “Левада-центар” покажува дека тензиите меѓу богатите и сиромашните е болната точка во врвот на руското општество. Само еден од десет испитаници тврди дека не чувствува сличен проблем, а 40 проценти од испитаниците го сметаат за многу сериозен. Општеството гледа значително мирно на секакви други конфликти со меѓународен или религиозен карактер.
Одложена визната либерализација за Косово
Човекот со излитена јакна носи “Прада”
Либералната блогосфера во Русија го опишува типичниот приврзаник на Путин како ниско-образован, сиромашен човек што носи излитена јакна – како непроменлив атрибут на руската немаштија. Вистината е друга: Шведскиот “путинист” носи повеќе “Прада”. А сиромашните спаѓаат во онаа категорија луѓе кои се најмалку лојални на власта. Според податоците на социолошкиот институт Затрчав, колку пониско е нивото на материјалната благосостојба, толку пониска е и довербата кон основните институции на Путинова Русија. Речиси 90 проценти од Русите, кои се добро обезбедени материјално, доживуваат доверба кон претседателот. Меѓу малоимотните овој процент е околу 55 проценти. Над 70 проценти од првата категорија и околу 30 отсто од втората имаат доверба во владата.
Најважно во случајот е дека сиромашните луѓе потешко подлегнуваат на манипулации. Речиси половина од богатите Руси веруваат на телевизијата, но помалку од една третина од сиромашните луѓе имаат слична доверба кон официјалните државни медиуми. Овие податоци ја покажуваат не само недовербата на сиромашните луѓе на власта, но и тоа дека тие имаат доволно храброст да го кажат тоа отворено. Пасивната недоверба некој ден може да се претвори и во активно спротивставување. Најмногу претставниците на средната класа своевремено ја подржуваа опозицијата против Путин. Но во последниве години, според социолозите, се забележува “значително поместување на протестните ставови кон најсиромашните слоеви на општеството”. Како резултат на тоа речиси 40% од најсиромашните граѓани на Русија се подготвени да учествуваат во масовни протести.
Сектата на тагувачи по СССР
Впрочем Кремљ има стара и испробана алатка за канализирање на протестната активност во безбеден правец за власта . Тоа е партијата на Генадиј Зјуганов, која суштински се претвори во “секта” на оние кои тагуваат по СССР. Политичката активност на нејзините следбеници се исцрпува со учество во демонстрации по повод комунистички празници, поклонување пред “Пантеонот на светците” од поранешната советска империја и ритуално гласање за Комунистичката партија / КПРФ / за време на избори. Главниот проблем на комунистите е дека електоратот им старее и во долгорочна перспектива КПРФ е осудена. Но сиромашните немаат друга алтернатива освен неа за претстојните избори за Државната дума, бидејќи властите не и дозволија пристап до изборите на радикалната опозиција од “Левиот фронт”. А другата божем левичарска партија “Праведна Русија” соработува со власта дури и повеќе отколку КПРФ. Затоа голем дел од сиромашните луѓе, особено меѓу младите, воопшто нема да гласаат. А посиромашните возрасни граѓани ќе обезбедат моќен прилив на гласови на комунистите на Генадиј Зјуганов. Веројатното зголемување на бројот на комунистите во идниот парламент сепак со ништо не го загрозува Кремљ, бидејќи КПРФ одамна се претвори во една од Држачите на Путин.
Каде е рускиот Валенса?
Сојузот на демократската опозиција и социјалните низини сигурно би биле способни да ја изменат политичката ситуација во Русија. Но опозицијата не умее да ги организира овие брзо растечки и подготвени на протест јавни слоеви. Многу од опозициските лидери се премногу далеку од народот и му изгледаат премногу буржоаски. Освен тоа меѓу барањата на опозициските политичари има премалку од она што ги интересира социјално ниските слоеви. Опозицијата има потреба од свој, руски Лех Валенса, кој ќе е близок до народот и способен да му понуди визија за иднина без сиромаштија и без бесрамна социјална неправда.
