Може и не разбравме што ни рекоа Британците

од desk3
69 прегледи

 

Дури и да се оди во погрешна насока, во ЕУ преферираат да се прават дека не го забележуваат тоа. Грешките се цементираат така цврсто што нивното поправање конечно се покажа невозможно. Токму со тоа не се согласуваат Британците!-пишува DW.

0,,19360452_303,00
Бракот е обид да се справиш со оние проблеми кои никогаш не би ги имал, ако живееш сам, беше рекол Вуди Ален. Истото е и со Европската унија: земјите-членки се занимаваат со прашања со кои одделните национални држави воопшто немаше да се соочат, ако не беа дел од заедницата. На пример каде да се наоѓа седиштето на ЕУ?
Ова прашање ги ангажира цели три дена и три ноќи земјите-основачи на Европската заедница за јаглен и челик (претходник на денешниот ЕУ), пред изборот да падне на Луксембург. Целосно исцрпен од долгите преговори, архитектот на европската интеграција Жан Моне рекол на својот асистентот : “Сега имаме неколку часа за спиење, по што ќе ни се потребни неколку месеци за да го направиме следниот чекор на патот на интеграцијата, по што …” на ова место асистент го прекинал со зборовите: “… по што ќе бидеме исправени пред огромни тешкотии. И само неволја ќе не принуди да размислуваме за нова интеграција. Така ли?”. Моне се насмевнал и рекол: “Токму така. Правилно си го разбрал принципот на кој функционира Европа.”

Ползечка и технократска интеграција

Токму на тој начин функционираше Европа во последните 60 години. Сосема свесно интеграцијата во ЕУ ја истрела напред политичката елита, а народот остана во заден план. Во еден од ретките моменти на откровение, убедениот Европеец, Жан-Клод Јункер призна за списанието “Шпигел”: “донесовме некое решение и почекајте да видиме што ќе се случи. Ако не следува бран на незадоволство и бунт (најмногу, бидејќи повеќето луѓе не разбрале што значи одлуката), продолжуваме понатаму – чекор по чекор, додека веќе нема враќање назад ”

Зошто Ердоган и Путин ја закопаа секирата?

Така беше воведено еврото. Кој ли германски пратеник кој гласал во 1991 година заодлуката за монетарната унија, сразмислувал за сите последици кои таа одлука ги влече по себе? Но возот потоа зема замав и слегувањето од него стануваше невозможно.

Европската политика ја претворила во фетиш општата насока на развој. И дури таа насока да се покаже погрешна, сите сакаат да замижат и да се прават дека ништо не се случило, продолжувајќи сталожено да го следат патот на својата заблуда. Грешката конечно е така цврсто цементирана што враќањето во првобитната позиција се покажува премногу комплицирано и скапо, поради што и се одбива како невозможно.

На ист начин беше контролирана кризата со еврото – добивката на големите играчи останаа приватизирана, а загубите беа социјализирани. И колку повеќе се оди во оваа насока, толку невозможно ќе биде враќање назад.

Сето тоа се покажа како “без алтернатива”

Магичниот збор на европската интеграција очигледно гласи “безалтернативно”. Штом нешто не смее да се случува, значи не го имало. Во оваа логика се вклопува и разбирањето дека не е дозволено некој да ја напушти ЕУ, бидејќи тоа ја нарушува општата насока на развој. Британците сепак не беа воодушевени особено и сепак одлучија да излезат од ЕУ. Со тоа сакаа да покажат дека не сакаат неосетно да ги стават во некакви Соединети Европски Држави.
Европскиот процес на интеграција почна пред повеќе од 60 години како чин на помирување меѓу Германија и Франција. Овие две земји ги извлекоа и најголемите придобивки од процесот на интеграција: Франција ја користи ЕУ, за да мери раст со Германија, независно од значително слабата економија, а Германија успеа под крилото на ЕУ да зајакне дополнително, без тоа да ги уплаши соседите . Во почетокот Британците се сметаа за ментор и застапник за европското обединување и е разбирливо што по влегувањето во ЕУ веќе не се ангажираа така ревносно за европската интеграција, како на пример Германците. Да се ​​правиме навредени поради одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, или да ги сметаме за глупави, би било манифестација на нетолерантност од наша страна или демонстрација на некое чудно разбирање за демократија.

Кризата како шанса

Британците не се виновни за сегашната криза во ЕУ – Заедницата живее со нејзе прилично со години. Британското гласање би требало да не потресе и пробуди, за да се осмелимр да почнеме одново. Потребно е да бидат целосно преиспитани надлежностите на Европа и на националните држави, а ЕУ да е блиску до луѓето. Што се однесува до Британците, Европа не треба да демонстрира претерана цврстина кон нив. Бидејќи и по разводот е можно пријателство.