Буш и Блер се лажговци. Тие ни вратија во средниот век. Би ги убил со голи раце, вели тој
Фотографиите станаа знак за тоа време на инвазијата на Ирак: паѓањето на гранитниот споменик на Садам и мажот кој со чекан се фати за таа победничка работа. Тогаш тие слики ги обиколија првите страници на сите светски изданија. Тешко некој тогаш знаеше тогаш што го очекува Ирак – години на војна, хаос и страдања.
Само неколку недели по почетокот на инвазијата американска блиндирана техника минува низ плоштад Фидос во центарот на Багдад, каде еден се осмели маж да земе во раце чекан и да го руши споменикот на Садам Хусеин.
Овој човек е Кадим Шари ал Џабури, своевремено тој се занимавал со поправките на мотоциклите на семејството Хусеин, но потоа бил затворен. Тој тврди дека 14 од 15-е членови на неговото семејство се убиени за време на режимот на Хусеин.
“Садам Хусеин убиваше луѓе, но немаше ништо заедничко со актуелната влада. Садам го нема, но на негово место има 1.000 нови Саддамовци “. Ова го кажува Кадима Шариф ал Џжабури – мажот, чиј лик, со чекан ја кршеше статуата на ирачкиот лидер и стана симбол на американската инвазија во земјата во 2003 година.
Само неколку недели по инвазијата на американските војници, оклопните тенкови стигнаа во центарот на Багдад. Таму веќе ги чекаше Ал Џабури со чекан во рака. Денес, 13 години подоцна, тој жали за стореното.
Со носталгија се сеќава за мирот во годините пред 2003 година “Сега, кога поминувам покрај споменикот, чувствувам болка и срам. Се прашувам зошто го турнав – вели Цабури во интервју за ББС.
– Би сакал да ја вратам. Да ја изградам одново. Но се плашам дека ќе бидам убиен “.
Во минатото Кадима поправаше мотоциклите на семејството Хусеин, но откако стана “неповолно”, бил затворен за година и половина. Тој раскажува дека 14 или 15 лица од неговото семејство биле егзекутирани од диктаторскиот режим.
Со години Ал Џабури не живее во Багдад – тој овој град го смета го за премногу несигурен за семејството.
Денес тој е жител либанската престолнина Бејрут, заедно со уште над 1 милион емигранти од Ирак, Сирија и Палестина. Поранешен атлет и борец, тој продолжува да практикува хобито што првично го конектираше со семејството на Хусеин – поправката на мотоцикли.
Ал Џабури директно ја обвинува ирачката влада за оваа ситуација и тврди дека по американската инвазија работите стануваа се полоши со секоја измината година.
“Имаше корупција, борби, убиства, грабежи. Садам убиваше луѓе, но немаше ништо заедничко со актуелната влада. Садам го нема, но на негово место има 1.000 нови Саддамовци “, вели тој.
За оваа влада, назначена од Американците, Џабури вели: “[Џорџ] Буш и [Тони] Блер се лажговци. Тие го уништија Ирак и не вратија на нула, не вратија назад во средниот век или дури и порано. Ако бев криминалец, јас би ги убил со голи раце. ”





