За стилот и убавината нема возраст. И колку и клиширано да звучи, тоа е самата вистина. Ви претставуваме една единствена дама на 94. Ајрис Апфел е екстравагантност, облечена во голема доза позитивизам, младински дух и љубов кон животот и убавото.
Кариерата на дизајнер на ентериер и текстилен производител ѝ дава можноста да патува по широкиот свет и постојано да се открива себе. Ајрис е и дизајнер на своја линија облека и додатоци.
Вели дека не гледа ништо лошо во брчките, но што уште може да научите од неа за модата и животот, видете во следните редови.
“Кога не се облекувате како сите останати, нема потреба да мислите како сите други.”
“Јас сум цветна личност. Никогаш не сум била позната по тоа што играм на сигурно. Плус тоа ми се допаѓаат големите чанти. Очилата се толку големи, тие не одговараат на мали чанти. ”
“Модата може да се купи, но стилот го поседувате. Клучот за стилот е да дознаете кои сте вие, што трае so години. Нема патоказ за стил. Станува збор за самоизразување и пред сè за став.
“Јас не се облекувам за да гледаат во мене. Јас се облекувам за себе. ”
“Треба да сте заинтересирани. Ако не сте заинтересирани, вие не сте интересни. ”
“Луѓето ме сакаат, бидејќи сум поинаква.”
“Животот е сив и досаден. Секако дека е подобро кога се облекуваш како што ти се допаѓа, се забавуваш и така менуваш сè. ”
“Јас сум безнадежен романтичар. Купувам работи, бидејќи се заљубувам во нив. Никогаш не си купувам нешто само затоа што е скапо. ”
“Никогаш не сум била повредена од тоа дека некој кажува нешто за мојата облека, бидејќи јас се облекувала за да си угодам на себе. Ако на некој не му се допаѓа она што го носам, тоа си е негов проблем, не мој. ”
“Стилот е однесување, однесување, однесување.”
“Сè што се случило со мене, не било предвидено. Никогаш не сум имала бизнис план. Едноставно ја користев шансата. Имав многу шанси во животот. ”
“Хуморот е важен во сè. Облекувавајте се со малку хумор и може да одите на долг пат. ”
“Поважно е да бидеш среќен отколку добро облечен.”
“Накитот е најмногу трансформирачко нешто што може да се носи.”
“Според мене не може да се оди во иднината, ако не сте дошле од минатото.”
“Јас живеам во 17 век. Не располагам со компјутер. Не барам на интернет. Јас го користам мобилниот телефон и тоа е мојата единствена врска кон современиот свет. “