Модните шоуа се познати по бајковидните изгледи, но волшебна атмосфера како Фонтана ди Треви во Рим, до сега никогаш не била искористена.
Кендал Џенер и Бела Адид беа меѓу моделите кои изгледаа како да чекорат по вода пред култната знаменитост за време на модната ревија на Фенди за есен 2016, со што беше обележана 90-тата година од постоењето на луксузниот бренд.
Моделите носеа рачни-сликани фустани во бледо розова, сина и крем, лизгајќи низ спектакуларната стаклена писта, со разжуборената вода во барокната фонтана под нив.
Магичниот амбиент можете да го погледнете подобро во фотографиите во продолжение.![]()
