(ВИДЕО+ФОТО) Oва е убиецот на полицајците во Далас

од Vladimir Zorba
142 прегледи

25-годишниот Мика Џонсон бил ветеран од армијата на САД.

Image_5633220_126

Осомничениот за стрелбата и убивањето на полицајците во американскиот град Далас, Тексас, во која загинаа петмина полицајци и беа повредени седуммина други, е идентификуван како 25-годишниот Мика Џонсон, пренесува AFP, повикувајќи се на иформации на локалните медиуми.

1467993323-2 (1) 3613E97C00000578-3680988-image-a-7_1467991489945

Џонсон живеел во предградието на Далас. Тој е ликвидиран од полицијата по не успехот на преговорите со него.

Според Los Angeles Times Мика Џонсон е ветеран од армијата на САД и не бил поврзан со терористички формации. Дејвид Браун, шефот на полицијата во Далас изјави дека Џонсон дејствувал сам и постапката нема никаква врска со идеологии.

1467993323-2

Во близина на местото на инцидентот полицијата нашла паркиран црн џип во сопственост на мајката на Џонсон.
На виделина излегуваат и уште детали од крвопролевањето во Далас. Откако се забарикадирал во хотел, Џонсон изјави дека е поставена бомба низ целиот град. Специјалните единици користеле роботи, за да проверуваат сомнителни сајтови.

Четири од жртвите во Далас, се вработени во полицијата, петтиот убиен е Дејвид Томпсон.