Еве како Путин му одговори на НАТО!

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Рускиот претседател нареди зголемување на воената жива сила до близу 1,9 милиони луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин ја  зголеми  бројноста на вооружените сили на 1 885 371 луѓе, вклучувајќи 1 милион војници.Претседателскиот декрет е објавен во официјалниот портал за правни информации, пренесе ТАСС.

Според документот, од 8 јули организацискиот бројност на вооружените сили на Руската Федерација ќе се зголеми за 542 лица.Бројот на војниците ќе остане непроменет.Руските вооружени сили се создадени на 7 мај 1992 година врз основа на поранешните вооружени сили на СССР и тогаш бројот е бројат 2 880 000 луѓе.Мобилизацискиот  ресурс на Русија се проценува на 69 милиони луѓе. Путин, Меркел и Оланд разговараа за  украинската криза Рускиот претседател Владимир Путин, францускиот колега Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа денеска по телефон  за украинската криза и ја истакнаа потребата од политичко решение на конфликтот во Донбас , соопшти Кремљ, цитиран од Ројтерс и медиуми. Во телефонски разговор лидерите изразија загриженост од најчестите прекршувања на примирјето во источна Украина. Путин побара од колегите од Германија и Франција “да дејствуваат поактивно на украинската страна” при планираните средби со украинскиот претседател Петро Порошенко во Варшава. Тројцата лидери истакнаа дека е потребно на Источна Украина да  и биде доставен посебен статус, да има уставни реформи, амнестија и локални избори.Путин обрна внимание во разговорот на провокативниот  карактер на активностите на украинските војници во југоисточна Украина, посочи Кремљ, цитиран од агенциите. Тој, Меркел и Оланд  му даваат т важна улога во обезбедувањето на примирјето во Украина на ефективната работа на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.