ЕУ го плаќаше обезбедувањето на британскиот политичар, додека тој агитираше за Брекзит
“Најџел Фараж е еден од двајцата или тројцата најважни политичари во британската историја по Втората светска војна и заслужува да добие владиа позиција, откако прво ќе му биде дадена титулата лорд.”
Најсмелите прогнози за иднината на “Лорд Фараж” беа направени од коментатор на “Дејли мејл” два дена откако Британците одлучија преку историски референдум да ја напуштат ЕУ. Наместо да се подготвува за министерска позиција по над 20-годишна битка за излегувањето на земјата од ЕУ, сепак, најсилниот непријател на Унијата одлучи да стави крај на својата политичка кариера.
Фараж објави оваа недела дека ја исполнил својата мисија “да ја врати земјата” и сега сака “да се врати во животот”. Весникот “Дејли експрес”, кој официјално ја поддржуваше Независната партија на Велика Британија на последните избори, откри дека одлуката на Фарадж е резултат на многуте смртни закани кои ги добил во последно време, и неговиот расклатен брак со Германката Кирстен.
Најџел Фарадж исто така не се откажа од платата на европратеник, која е € 98 556 евра на година.
Покрај тоа, тој ќе продолжи да прибира околу 50 000 фунти годишно за канцелариски трошоци, а одделно и за плати на вработените, транспорт и дневници при престојот во Стразбур и Брисел. Неодамна Фараж призна дека ЕУ платила и 58 000 фунти за неговото обезбедување за време на пет настани насловени “Кажи не на ЕУ”.
Нова шпионска војна САД-Русија
Телохранителите кои се поранешни војници, ги плаќале до 15 000 фунти на ден. До неодамна ЕУ ја плаќаше и платата на неговата сопруга, која беше негова секретарка и добиваше 25 000 – 30 000 фунти годишно. Името на г-ѓа Фараж не фигурира во неговиот последен официјално објавен извештај за првата половина на 2015 година
Ова е само мал дел од она што се знае за финансиските дела на Фараж, бидејќи тој категорично одби да го следи примерот на останатите лидери на политички партии на Островот и да ја објави даночната пријава во април по панамските откритија.
“Мојот одговор е не. Категорично не “, рече тој тогаш за ББС. “Мислам дека во оваа земја колку заработуваат луѓето се смета за доверлива информација. На соседите не би им се допаднало, ако знаат дека луѓето кои живеат на број 32, знаат какви се нивните приходи “, додаде тој.
Неговиот однос со втората сопруга се во основата на неговата одлука да се откаже од политиката, тврди британскиот печат. Според “Дејли мејл” тој и ветил на Германката Кирстен дека ќе поднесе оставка ако го освои Брекзит. Г-ѓа Фараж не е јавна личност. Двајцата се во брак од 1999 година – 6 години откако Фараж ја формира Независната партија на Велика Британија, и во која за прв пат е избран за европратеник.

За сите овие години неговата сопруга дала само едно интервју за британски весник, тврди “Дејли телеграф”. Во 2014 година Г-ѓа Фараж не се појавуваше со сопругот на подиумот и за време на кампањата за референдумот, иако често била забележан како седи во публиката за време на политичките собири на неговата партија. Кога новинарите скокнаа против Фарадж дека ја најмил сопругата да работи за него со пари на ЕУ, и тоа кога секогаш бил против инвазијата на имигранти од ЕУ, тој се оправда со зборовите дека никој Британец не би можел да ја врши оваа работа.
Самата г-ѓа Фараж откри дека често работела во ноќите, откако ќе заврши со домаќите задолженија и родителските обврски кон нивните две ќерки. Таа призна дека на него не му останувало многу време за неговото семејство и тие го пуштале телевизорот кога сакале да го видат. Г-ѓа Фараж откри дека таа водела девојките сама на кампување во Италија или Франција, бидејќи за нив било веќе невозможно да почиваат во најблискиотКорнвол, а Најџел не доаѓал со нив на кампување.
Нејзиниот маж навистина имал потреба од неа, бидејќи бил компјутерски “Неписмен”
и само знаел како да праќа СМС пораки на телефон и да види неколку интернет страници.
Не е јасно, меѓутоа како точно е гледната семејството на Фараж на неговото однесување за време на кампањата за излез на земјата од ЕУ. Тогаш тој постојано беше прогласуван за расист, особено по прашањето со бегалците, кое предизвика и некои од неговите поддржувачи да го осудат за расизам.
Неговата сопруга е имигрантка од Германија, а пак двете негови ќерки зборуваат и германски, и англиски јазик. Фараж се откажа од учество во последната телевизиска дебата пред референдумот, бидејќи требало да се сретне итно со едниот син од првиот брак, кој бил предупреден од фирмата да гласа за останување во ЕУ.
Самиот Фараж е далечен потомок на европски имигранти. Според неговото сопствено признание презимето му го издава хугенотското му потекло. Хугенотите биле протестанти кои од верски причини избегале од Франција кон крајот на XVI – почетокот на XVII в. Печатот откри пред време дека Фараж има и германски корени. “1/32 сум Германец. Имам прапрадедо од германско потекло. Точно е, но не мислам дека е којзнае колку голема работа “, призна тој во 2013 година Прапрадедо му бил роден во Франкфурт и се преселил на Островот во 1850 година
Во интервјуто во 2014 година Кирстен Фараж категорично ги негира обвинувањата за расизам, упатени кон нејзиниот сопруг. Таа ги негираше и гласините дека неговиот поранешна секретарка му била и љубовница. Тврдењето дека ЕУ ја плаќаал платата и на сопругата, и на неговата љубовница, беше направено од европратенички од неговата сопствена партија.
8 години порано пак Фараж призна дека спиел со ТВ водителка од Латвија
Националистот се запознава со својата идна сопруга во 1996 година за време на службено патување во Франкфурт, кога бил импресиониран од нејзините вештини на брокер. Односите се случуваат во истата година кога му се распаѓа бракот со првата сопруга – медицинска сестра, која се грижела за него, откако на 21-годишна возраст претрпува тешка сообраќајна несреќа, во која само не го губи својот живот.
Фараж и Греј Хејс имаат двајца синови. Животот на политичарот виси на конец уште на двапати. Прво му е дијагностициран рак на тестисите, а потоа преживува воздухопловна несреќа во 2010 година.
Ова се случува за време на парламентарните избори, кога слоганите на неговата партија се заплеткале во моторот на малиот авион при полетувањето. “Тоа што речиси не умрев, на три пати ме направи многу повеќе наклонет да преземам ризици. Немам време за губење “, се посетува Фараж по години.
Начинот на живот покажува дека тој презема и други ризици со здравјето. Фараж е обожавател на цигарите и алкохолот, особено на пивото. Безброј се сликите со кригла во рака во британски пабови низ целата земја. “Тој не спие многу, не се одмора многу, живее на адреналин, не јаде редовно, знам дека почнувам да звучам како мајка му, но тој пуши и пие премногу ” ја споделува загриженоста неговата сопруга за “Дејли телеграф”.
Неговата мајка Барбара Стивенс пак доби популарност во 2014 година, кога на 74-годишна возраст се соблече да се снима гола за добротворен календар за познатиот Институт на жените во Велика Британија. Неговата полусестра исто позираше гола тогаш. Таткото на Фараж кој бил алкохоличар, го напушта семејството, кога идниот политичар е само 5-годишен.
Фараж е роден на 3 април 1964 година и одгледан во областа Кент, каде татко му бил брокер. Иако неговото семејство било скршено во рана возраст, тоа е финансиски обезбедено и Фарадж е пратен во приватно училиште. Кога го завршува, одлучиува да не учи на универзитет, туку да започне со работа.
Најџел Фараж бил член на Конзервативната партија до 1992 година, кога се разочарал од одлуката на тогашниот премиер Џон Мејџор да го потпише Договорот од Мастрихт. Година подоцна учествува во формирањето на сопствената политичка партија, која на два пати веќе ја напушта како лидер, но не долго. Последниот пат беше по парламентарните избори во 2015 година, кога поднесе оставка, која не беше прифатена од неговата партија.
Овој пат, Најџел Фараж категорично изјави дека враќање назад нема. Се очекува да тргне по стапките на Тони Блер и други поранешни политичари кои заработуваат огромни суми од говори пред избрана публика, која се меша длабоко за да ги чуе. Се очекува минималната тарифа на Фараж да е барем 20 000 британски фунти по говор, објави “Дејли мејл” – сума која мнозинството избирачи на неговата партија не ја добиваат и за година.


