Се тврди дека зделката ќе ја зголеми размената на стоки и услуги за 26 милијарди годишно, но може да се покаже дека земјите го преферираат суверенитетот.
Европските бирократи се надеваа да дејствуваат како лидери на супердржава, подготвуваа договор за склучување на најголема комерцијална трансакција со Канада и давајќи потег на планот од името на земјите-членки и дури држави надвор од границите на ЕУ, пишува британското издание Express.
Но охрабрени од гласови за брекзит националните држави беа се во состојба на бунт, принудувајќи ЕУ да ги преиспита своите постапки.
На крајот трговскиот договор со ЕУ и Канада (CETA) ќе биде предмет на ратификација од парламентите на сите земји-членки.
Притисокот за ова дојде од целиот блок, но ја покрена главно од владите на Франција и Германија. Ова дојде како звучна шлаканица за претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Иако гласовите на Велика Британија за напуштање, кој беше повеќе од јасен сигнал дека националните држави се противат на губењето на суверенитетот во корист на неизбраната бриселса бирократија, Јункер рече минатата недела дека според него нема потреба парламентите на земјите-членки да се вовлекува во донесувањето на одлуката за трансакцијата.
Министерот за финансии на Франција Матијас Фекл, изјави дека е “неверојатно” како Брисел планира да третира договорот како решение на сеопфатното тело на ЕУ.
Тој додаде: “Тоа го сметам за халуцинација само неколку дена по резултатите од британскиот референдум некој да го замисли овој тип процедура на нивото на Европската комисија”.
Одлуката на Јункер да дејствува во име на супердржава и го става склучување на договорот СЕТА во прашање. Сега таа треба да биде одобрена од 40 национални и регионални собранија.
Се тврди дека зделката ќе ја зголеми размената на стоки и услуги меѓу ЕУ и Канада за 26 милијарди годишно, но може да се покаже дека земјите го преферираат суверенитетот пред финансиските интереси.
