Инцидентот се случи неколку дена по крвопролевањето во Далас.
Полицајци во градот Хјустон во Тексас застрелаа уште еден афроамериканец, кој почина од повредите, соопшти CBS News.
Инцидентот се случи неколку дена по трагедијата во Далас, кога четворица снајперисти убија полицајци како протест поради убиствата на црнци.
Офицери од полицијата во Тексас забележале маж на патот кој држел огнено оружје. Тие го предупредиле да го вовлече, но тој не реагирал. Потоа полицајците пукале неколку пати во него.
