Англија може да биде една многу чудна земја. Покрај нивната желба за напуштање на ЕУ, што доведе до многу финансиски катаклизми, истата земја е позната со разновидните социјални програми. Затоа постојат личности кои го носат името “Кралицата на социјалната помош”.
Черил Прудам е жената која прибира околу 40 000 фунти од социјална помош. 34-годишната мајка на 12 деца е на пат да се здобие со уште едно дете, откако тргнала на лов за донатор на сперма. Дамата има потреба од вештачки осеменител откако сопругот Роберт бил избркан претходно оваа година.
Шерил признава пред различните медиуми дека е зависник од раѓањето, но ние лично сметаме дека е зависник социјалната помош. Причината за ова сомневање? Дамата наскоро била забележана во авто салон, избирајќи црвен Mercedes-Benz за 27 000 фунти.
Токму така, колата е купена со социјалната помош, бидејќи дамата е во породилно и покрај тоа добива пари за да гледа малата градинка. Следниот пат кога Англичанец ќе започне да ви говори за сите странци кои ја земаат нивната работа, покажете ја оваа кралица.


