Руското Министерство за одбрана има намера да изгради и реконструира на Арктикот десет аеродроми со цел зајакнување на руското присуство во северните широчини, пишува “Известија”. Се градат “објекти на воената инфраструктура на шест острови”, соопштува претставник на военото министерство. Во 2016 година во оддалечените воени гарнизони се планира испорака на над 100 000 тони материјални средства за над 150 пунктови – острови, фарови, воени единици.
Според информациите планирањето на снабдувањето се прави со цел да се искористи максимално периодот на поволни временски услови.
Орбан: Европската комисија е виновна за кризата во ЕУ
Според изворот во Министерството за одбрана за обезбедување на градежните активности во северните региони ќе бидат пренесени над 190 илјади тони градежни материјали и опрема. Од арктичките области, според војската, ќе се врши и изнесување на отпадот.
Планирано е да продолжи распоредувањето на единици на Арктикот до 2020 година. Во моментов за војниците и гарнизоните во областите на крајниот север, Сибир и Далечниот Исток, се развива инфраструктурата за обезбедување на над 20 000 војници, нивните семејства и цивилните службеници кои работат на објекти на Министерството за одбрана.



