CCTV камера покажува како во судска зграда во Тексас затвореници бегаат од просторијата за задржување, за да му помогнат на судскиот полицаец, пренесе Ен Би Си.
Претставникот на судската стража одеднаш престанал да дише и изгубил свест. Со извици затворениците се обиделе да привлечат внимание, но откако неговите колеги не реагирале, мажите кои биле со лисици, успеале да излезат од просторијата за да побараат помош.
Службеници на судот слушнале бучава и повикале брза помош. Болничарите го реанимирале стражарот и наскоро тој ќе биде повторно на работа.