Пеперутка – така мајката на Лејла го нарекува Американецот кој “одлетал” штом дознал за нејзината бременост. На Филипините годишно се раѓаат илјадници деца на странци кои поминуваат таму одмор како секс-туристи-информира DW.
Илјадници судбини
Сиромаштијата и безперспективността ги тера многу млади жени од регионот крај филипинскиот град Олонгапо да работат како проститутки. Бизнисот во локалните барови бара и жени од други места. Во оваа супер-конзарвативна католичка земја е речиси невозможно да се направи абортус, како резултат на што годишно се раѓаат илјадници деца на секс-туристи. Повеќето од нив растат во сиромаштија.
Генерација без татковци
Четиригодишниот Даниел веројатно никогаш нема да се запознае со својот американски татко. Неговите браќа и сестри се од татко-филипинец кој сепак го напуштил семејството. Мајката на Даниел од години работи како проститутка. Но се надева наскоро да најде нормална работа, бидејќи сака да им обезбеди на децата живот, кој ќе е подобар од нејзиниот.
ДПА: Германското разузнавање прислушувало десетици влади од ЕУ и партнери од НАТО
Наследството на секс-туристите
Малиот Рајан (во средината) најмногу сака да игра кошарка. Татко му е Јапонец, неговата мајка е принудена да работи како проститутка во еден бар во Олонгапо. Рајан има уште четири браќа и сестри од различни татковци.
Кога таткото е белец
Белите деца како Сабрина (во средината) се нарекувани “Млечници”. Овие деца се издвојува поради својот изглед, но токму тој понекогаш им го отвора патот кон кариера како актери или во модната бранша. Таткото на Сабрина е од Германија, семејството нема контакт со него.
“Татко ти беше пеперутка”
Лејла секој ден се шета со ранче, во кое носи тетратка и молив. Петгодишното девојче го чека со нетрпение времето кога ќе стане ученичка. Нејзиниот татко бил “пеперутка” – така мајката на Лејла го нарекува Американецот кој одлетал штом дознал за бременоста.
Без шанса
Таткото на Ајла е афроамериканец. Мајка и едно време била проститутка, а сега држи мал салон за перење на алишта. Жената никогаш немала можност да оди на училиште. И затоа не може ниту да чита ниту да пишува.
Ги нарекуваат “Negros”
Децата на татковци со темна боја на кожата често се подложени на дискриминација – ги нарекуваат ги “негроси“.
Има ли надеж за Лестер?
Малиот Лестер бил на годинка кога починал татко му. Мајка му Џесика живеела со него во текот на седум години – Американецот бил менаџер на барот, во кој пред тоа таа работела како проститутка. Лестер страда од акутно воспаление на белите дробови, но неговата мајка не може да го одведе на лекар, бидејќи парите кои ги заработува со својот труд, не се доволни.
Нов почеток
Синот на Анџела – Самуел – си има татко-Швајцарец. Контактот со него сепак бил прекинат уште пред раѓањето на детето. Во меѓувреме Анџела се омажила за еден филипинец, новороденото дете е само на една недела. Мајката веќе не работи како проститутка, а нејзиниот сопруг и помогнал да започне нов живот.
Во очекување на веста од тато
Памела, мајката на Рејчел, е глувонема по раѓањето. Била на 16 години, кога почнала да работи како проститутка во еден бар во Олонгапо. Сликата од нејзиниот мобилен е од времето кога била на 20 години и имала германски пријател. По раѓањето на Рејчел, Германецот редовно испраќал пари на семејството. Од пред неколку месеци, сепак Памела и Рејчел немаат никаква вест од него.









