Расте бројот на жени кои водат држави во светот

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Жените на претседателите се една приказна на влијание, друга во политката , нобројот на  жените лидерки ,водачи на државите се повеќе расте.

koi-se-najinspirativnite-zheni-na-site-vreminja-129293

Последна на лкистата е  Велика Британија , која ќе има жена за премиер и тоа ќе биде Тереза Меј. Во светот има многу  држави со кои раководат жени, еве дел од наинспиративните:

Германија – Од 2005 година Ангела Меркел е канцелар. Таа е првата жена на таа функција. Во декември 2013 Меркел беше реизбрана за трет 4-годишен мандат.

Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ беше избрана за претседател во јануари 2015 година. Таа е прва жена претседател на Балканот избрана на избори.

Литванија – Далија Грибаускајте, поранешен еврокомесар, беше избрана за претседател во мај 2009 година. Таа е прва жена избрана на таа функција во државата.

Малта – Мари-Луиз Колејро Прека, беше избрана за претседател во април 2014 година. Тоа е втора жена на таа функција во Малта.

Норвешка – Ерна Сулберг е втора жена премиер во историјата на државата.

Полска – Беата Шилдо стана премиер во ноември 2015 година и ја наследи Ева Копач.

Бангладеш – Шеик Хасина Ваџид беше избрана за втор 5-годишен премиерски мандат во јануари 2014 година.

Мијанмар – Како шеф на дипломатијата и специјален државен советник Аун Сан Су Чи е де факто шеф на Владата.

Јужна Кореја – Пак Гуен-ху беше избрана за претседател во декември 2012 година за петгодишен мандат. Таа е прва жена на таа функција.

Непал – Во 2015 година парламентот ја избра комунистката Бидхја Деви Бхандари за претседател Таа е прва жена претседател в Непал.

Тајван – Во јануари претседател стана Џај Ингвен поранешен универзитетски професор, и тоа е прва жена претседател на Тајван.

Либерија – Елан Џонсон Сајрлијф е певата претседателка на државата избрана во 2011 година и сега има втор мандат.

Намибија – Сара Кугонгелва Амадхила беше назначена за премиер во март 2015 година и е прва жена на таа функција во државата.

Маурициус – Амина Гариб Факим беше избрана од апрламентот за претседател на тој остров во Индискиот Океан.

Чиле – Мишел Бачелет е избрана за претседател во декември 2013 година. Беше претседател и во периодот 2006-2010 година.

Маршалови Острови – Хилда Хајн избрана за претседател во јануари 2016 година.