( ВИДЕО) Фчерашни новости: Како да ги преслечете водените купачи на плажа

од Vladimir Zorba
151 прегледи
 fcerasni

Заврши првата сезона на хумористично-сатиричната емисија „Фчерашни новости“.

Во последната 12 епизода, екипата која со ги собра симпатиите на публиката во овие три месеци, се збогува со своите гледачи на само нивен и карактеристичен начин.

Во последната епизода Спиро Енергија ќе ви ги открие трите тајни на Универзумот, ќе ви ги покажеме петте начини како да ги преслечете водените купачи на плажа и како шлаг на тортата, ви ги покажуваме сите (не)грешки кои ги правевме во изминатите 12 недели.

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работeше креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.