(ВИДЕО) Нов ужас во САД: Непознатo лице отворило оган врз демонстранти во Балтимор

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Како резултат на пукањето се повредени 4 жени и еден маж.

1021707977

Непознат сторител пукал во мала група на демонстранти против полициското насилство во Балтимор, во понеделникот вечерта, пренесува Тасс.

Како резултат на пукањето се повредени 4 жени и еден маж, соопшти полицијата на најголемиот град во државата Мериленд.
Според податоцитете: “нема опасност за животот на повредените”. Во демонстрациите учествувале “близу 20-30 души”, истакнаа силите на редот во Балтимор, кој се наоѓа на час од главниот град на САД.

“Ниту мотивите (за пукањето), ниту осомничените” не се познати засега, прецизираа од балтиморската полиција.

Потсетуваме дека најмалку три лица загинаа при пукање во судот во округот Бериан, во државата Мичиген. Ова го соопштии USA Today, повикувајќи се на службеник во зградата. Во инцидентот имаше и уште еден повреден.