Мачката на Камерон не ја напушта „Даунинг Стрит“

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Домашната мачка на семејството Камерон на име Лери нема да ја напушти “Даунинг стрит” 10, заедно со своите досегашни стопани Дејвид и сопругата Саманта. Таа ќе продолжи да ги исполнува своите обврски на главен ловец на глувци и кај новиот премиер Тереза ​​Меј, соопштува РИА “Новости”.4941132

Тоа е мачка која е на државна служба и не припаѓа на семејството Камерон. Останува тука “, изјави владин службеник. Лери се појави на “Даунинг стрит” во 2011 година во времето на т.н. “Глувчешки скандал” – инвазија на глодари во резиденцијата на премиерот. Тогаш тој беше доведен од засолништето за мачки и кучиња и задолжен во организацискиот состав на Секретаријатот на британскиот кабинет на министри на должноста главен ловец на глувци.

Оваа позиција остана испразнета од 1997 година, по оставката на познатиот мачор Хемфри (1988-2006), кој успеа за 8 години да служи кај тројца премиери – Маргарет Тачер, Џон Мејџор и Тони Блер. Причината за оваа задача да биде избран токму Лери, во голема мера може да се бара во неговата лична карактеристика како мачка, или поточно мачор кај кој преовладува најсилниот ловен инстинкт. За жал надежите да се покаже како смел воин во безмилосна борба со глувците во премиерската резиденција, не се остварија целосно. Предметниот ловен инстинкт беше во огромна мера истуркан на позадината од природната мрзливост, со која Лери е великодушно е обдарен. Поради тоа функцијата на главен борач со глодарите за некое време ја спроведува мачката Фреја која во 2009 година е доведена при што живее во соседството – на “Даунинг стрит” 11, кај министерот за финансии Џорџ Озборн.

Фреја за возврат поради своето слободољубие, често бега од домот на министерот за финансии и на крајот била удрена и од такси. Потоа таа е испратена да се опоравува во родната грофовија Кент.