Најмалку 10 олуѓе загинаа, а десетици се повредени во судир на два патнички воза во јужна Италија.
Портпаролот на протипожарната бригада изјави дека двата воза се судриле помеѓу градовите Корато и Андриа.
Видео снимките што ги емитуваа италијанските медиуми прикажуваат страшна глетка на смачкани вагони и остатоци расфрлани во околните насади со маслинки.
Националната полиција и карабињерите не можеа да дадат прецизни детали за обемот на трагедијата.
Според агенцијата АНСА на местото на несреќата веднаш пристигнале голем број противпожарни возила и возила на итната помош.