Со грубите енергетски активности од последните години Русија имаше за цел да го натера Западот да ги прифати нејзините барањата . Но не ние треба да се прилагодуваме на нејзините барања – Русија треба да го промени менталитетот, пишува DW.
Советот НАТО-Русија не случајно се собра веднаш по средбата на Алијансата во Варшава. Двата настани всушност симболизираат “двојната стратегија” на НАТО кон Русија: ем да се демонстрира воена сила, ем да се покаже подготвеност за дијалог за разликите меѓу Западот и Русија.
Одлуката на НАТО да распореди војници во балтичките држави и во Полска дојде како одговор на пораснатото чувство на несигурност меѓу источноевропските членки на Алијансата. Од оваа гледна точка четирите баталјони се точен сигнал на солидарност со партнерите и во исто време – мерка за одвраќање.
Како се дојде до тука
Овие 4 000 војници не се некое “ѕвечкање со оружје”. Бидејќи ако навистина сакаше да ги загрози Русија откај Балтичкиот регион, НАТО би требало да ангажираат многу поголеми капацитети. Останува да се надеваме дека Русија исто трезвено ќе ја анализира одлуката и нема да се фрли во нова спирала на вооружување.
Се разведоа : Путин се разљуби со Никита Михалков
НАТО јасно треба да му покаже на Кремљ дека нема агресивни намери против Русија. Ајде да се потсетиме дека токму руската надворешна политика го уништи заеднички изградениот мировен ред на континентот. Од пред неколку години на Русија се гледа како на закана – и тоа не само заради политиката во Украина, но и поради исклучително опасните провокации на руската армија во Балтичко Море и во воздушниот простор над Црното Море. Па ако Советот НАТО-Русија навистина ги обнови редовните средби, таму треба да се зборува токму за овие инциденти.
Од објективната позиција на посилниот, сега НАТО треба да се обложи на деескалацијата и да поведе со Русија разговор на тема: како со апсолутна сигурност може да се спречи воен конфликт. Во последните недели Путин даде дознаење дека Русија исто така е подготвена на деескалација.
Но актуелниот воздржан оптимизам не треба да ја засенува реалната анализа на ситуацијата. Односно, дури и во моментов Западот и Русија заедно да го следата патот на деескалацијата, односите меѓу нив остануваат трајно оштетени. Притоа Украина беше само повод, а не причината за оваа конфронтација.
Русија одамна (уште пред кризата во Украина) се стреми да ја прекомпонира архитектурата на безбедноста во Европа, бидејќи смета дека досегашниот ред не е во склад со нејзините интереси. Западот долго време ги игнорира овие ревизионистички желби на Кремљ, вклучувајќи и поради неговото верување дека Европа не треба да се дели на зони на влијание. На крајот претседателот Путин одлучи да ги наруши сите меѓународни договори и спогодби и со воена сила да создаде свршен чин во Украина.
Ќор-сокак
Ескалацијата во која се фрли Русија, имаше една цел: да го принуди Западот да и ги прифати барањата . Но самиот Запад дури не помислува да внесе во договорите некоја нова архитектура во која се признаваат руски зони на влијание. Земјите од НАТО се стремат кон друго: да ја вратат Русија кон претходните структури. Целите на Западот во моментов можат да се формулираат така: Русија треба да го промени ставот, а не ние да се прилагодуваме на нејзините тврдења.
Мораме да признаеме дека, сепак, со грубите енергетски активности Русија всушност веќе успеа да постигне важни цели. На пример денес никој не може да замисли дека Украина или Грузија наскоро ќе влезат во НАТО. Покрај тоа Русија не се повлече ниту од Источна Украина, ниту од Крим, независно од наметнатите санкции. Бидејќи Москва фактички си доби право да учествува во разговорите за иднината на Украина, кои се водат во рамките на процесот од Минск.
Како резултат на сето ова се дојде до ќор-сокак во политиката за безбедност – и токму овој ќор-сокак ќе биде понатаму новата нормалност во односите меѓу Западот и Русија. Значи најважната задача на дипломатите денес е да работат за стабилизирање на тој соживот, за неговото смирување и за запирање на трката во вооружување.
